8 грешки што (сите) ги правиме кога го чистиме домот
Ставате премногу детергент или средства
Една од најчестите грешки при чистењето е употребата на преголема количина средство за чистење - тоа нема да ја направи површината почиста.
Напротив, потешко ќе ви биде да ја пребришете површината на која има премногу детергент, споредено со онаа на која има умерена количина средство за чистење (бидејќи нема да ви прави нова и нова пена како што поминувате со влажна крпа преку површината што ја чистите).
Не ги чувате соодветно крпите, сунѓерите или четките за чистење
Ако ја користите истата крпа за повеќе различни површини, а притоа не ја перете постојано, само ќе ги пренесете нечистотијата и микробите од една на друга површина.
Откако ќе завршите со чистењето, убаво исперете ги сите крпи, сунѓери и четки, и почекајте да се исушат пред да ги складирате.
Не ги чистите даските за сечење и сервирање храна
Понекогаш не е доволно само да ја ставите дрвената штица за сечење под вода.
Потребно е да ја исчистите темелно, бидејќи бактериите лесно навлегуваат во дрвото и се шират.
Повремено исчистете ја темелно со хидроген пероксид - испрскајте ја даската и оставете ја да отстои 5 до 10 минути, а потоа измијте ја со сунѓер, средство и вода, и оставете ја целосно да се исуши пред да ја складирате.
Не правите распоред пред да почнете со чистење
Важно е да чистете плански бидејќи, во спротивно, чистењето ќе ви биде залудно.
На пример, ако прво го исчистите подот, па потоа бришете прашина, дел од прашината ќе заврши на подот и повторно ќе треба да метите.
Секогаш почнувајте од најгорните елементи, а оставете го подот за крај.
А. Ј. | Црнобелo
Би можело да ве интересира:





