Пена за бричење наместо средство за стакло и уште 7 старински трикови за (полесно) чистење

Обложете ги шкафчињата со украсна хартија за полесно чистење, но и за да ги заштитите, а за чистење на мијалникот искористете комбинација од сода бикарбона и лимон.

pena-za-brichenje-namesto-sredstvo-za-staklo-i-ushte-7-starinski-trikovi-za-polesno-chistenje-01.jpg

Нашите баби немале посебно средство за бигор, за стакло, за мрсни дамки и што уште не, па морале да се снаоѓаат со поприродни алтернативи.

А, нивните трикови за чистење не само што се ефикасни, туку некогаш се и подобри бидејќи не вклучуваат користење многу хемикалии.

Осум старински трикови за чистење што треба да ги пробате:

Бел оцет наместо средство за чистење

Белиот оцет е одличен за отстранување масни наслаги, бигор, но и непријатни мириси од одводот.

Во шишенце со распрскувач измешајте исто количество вода и бел оцет и користете го како најобично средство за чистење во бањата или кујната. Но, избегнувајте го за дрвени површини и површини од природен камен, како мермер.

pena-za-brichenje-namesto-sredstvo-za-staklo-i-ushte-7-efikasni-starinski-trikovi-za-chistenje-02.JPG

Сода бикарбона и лимон за тврдокорни дамки

Комбинацијата од соба бикарбона и лимон може да биде од корист за потврдокорни дамки.

Направете паста од сода бикарбона и обична вода, па додајте малку лимонов сок во неа. Смесата можете да ја користите за да ја исчистите рерната, мијалникот, но и плочките.

pena-za-brichenje-namesto-sredstvo-za-staklo-i-ushte-7-efikasni-starinski-trikovi-za-chistenje-03.JPG

Весници врз шкафчињата

Ако имате навика да купувате весници, не ги фрлајте, туку постелете ги на горниот дел од шкафчињата во кујната, дневната или каде било.

На овој начин ќе ги заштитите од прашина, па наместо да бришете (на тешко достапни места), само сменете ги весниците.

pena-za-brichenje-namesto-sredstvo-za-staklo-i-ushte-7-efikasni-starinski-trikovi-za-chistenje-04.JPG

Украсна хартија во внатрешноста на шкафчињата

За да ги заштитите кујнските шкафчиња, обложете ги со украсна хартија.

Дури и ако ги чистите редовно, кога во нив чувате храна, лесно може да се извалкаат и да останат дамки. Со украсната хартија ќе го спречите ова.

Овој трик е ефикасен ако имате многу стари шкафчиња кои е тешко да ги исчистите темелно.

pena-za-brichenje-namesto-sredstvo-za-staklo-i-ushte-7-efikasni-starinski-trikovi-za-chistenje-05.JPG

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

7 работи во домот кои никако не треба да ги чистите со оцет Покрај лакираното дрво, немојте да комбинирате оцет и средство за избелување во ...
Грешки во чистењето на кујната поради кои храната има чуден вкус Не ја чистите рерната веднаш откако ќе се истури нешто во неа и ставате многу де...
Шест трикови за брзо и ефикасно чистење од хотелски хигиеничари Пред да почнете со метење и бришење прашина, прво средете го нередот, како валка...
Грешки во пролетното чистење на домот кои се само губење време Ако ја исчистите надворешноста на прозорците во рана пролет, трудот ќе ви биде з...
Вирални трикови за чистење што навистина функционираат (со продукти што ги имате дома) За да го отстраните бигорот од главата на тушот, ќе ви треба само оцет, а за да ...
Шест работи што никако не треба да ги чистите со средство за садови Без разлика дали станува збор за чевли, јакна или, пак, гарнитура, кожата е мате...

Најчитани неделава