8 лесни навики со кои домот ќе ви остане среден до следната генералка
Наместете си го креветот
Веруваме дека сте забележале дека кога ќе го наместите креветот, спалната изглед како да сте направиле генералка.
Па, нека ви стане навика наутро, откако ќе станете, веднаш да го наместите креветот. Ќе ви требаат само неколку минути, а подоцна во денот нема да трпите нервози заради неред.
Намалете со украси и слично
На површините низ домот, како масата во дневната, чувајте што е можно помалку предмети.
На пример, на ноќната масичка во спалната, сигурно не ви требаат пет книги, три чаши, пет стегачи за коса и две шноли.
Оставете го само она што ќе ви треба да го искористите, а сè друго тргнете настрана.
Намалете го и бројот на украси низ домот за да изгледа поуредно, но и за чистењето прашина да ви биде многу, многу полесно.
Организирајте ги документите
Документи, сметки, тетратки – организирајте сè што е од хартија и најдете им соодветно место.
Кога, на пример, ќе ви стигне сметка за струја, не ја оставајте на маса, туку ставете ја на соодветното место.
Секогаш враќајте ги предметите од каде што сте ги зеле
Ако сте пиеле вода, наместо да ја оставате чашата на масата, исплакнете ја и вратете ја на место.
Ако сте барале нешто во гардероберот, веднаш вратете ја облеката што сте ја извадиле. Ако сте завршиле со читање, вратете ја книгата на полицата.
Создадете навика секогаш да ги враќате предметите каде што треба да стојат и домот никогаш нема да ви биде расфрлан.
Спирова С. | Црнобело
