6 чудни (а корисни) совети за да се разладите дома, во најголемите горештини
Знаете ли што е треба да направите за домот да ви е студен (но и вашето тело да е на нормална температура) во деновите кога е жешко и не можете да се изладите?

Кога ќе почнат најголемите жештини и дома ви е неиздржливо (особено ако немате клима), постојат неколку чудни, а сепак корисни трикови кои можете да ги пробате и ќе ви помогнат да се разладите.
Експертите тврдат дека секој од овие совети е корисен и дека успева.
Прочитајте ги, ако сакате пробајте ги и самите заклучете дали функционираат:
Ставете ги чаршафите во замрзнувач
Ако жештината е неиздржлива, можете да се оладите со студени чаршафи.
Ставете ги во пластична ќеса, затворете ги убаво и оставете ги околу еден час во замрзнувачот.
Ставете ги на креветот во моментот пред да си легнете и наместо жештина, на телото ќе имате пријатно чувство.
Во замрзнувачот не ставајте чаршави од синтетички материја, зашто може да се уништат, туку изберете чаршафи од природни материјали.

Памучни пижами
Иако мазните пижами од синтетички материјали се лесни на допир и изгледаат како идеален избор, тие најверојатно ќе ве испотат додека спиете.
Затоа изберете памучни модели кои се лесни, а во кои кожата дише.

Изберете добар душек
Добриот сон не треба да е луксуз, туку секојдневие.
Затоа купете си добар, квалитетен душек, кој не само што прави на телото да му е удобно додека спие, туку помага и да се намали топлината од телото, па да можете полесно да заспиете.

Затворете ги завесите, спуштете ги ролетните
Кога завесите се тргнати на страна и не ги покриваат прозорците, просторијата има повеќе светлина, но истовремено во неа влегува и топлина.
Затоа, жртвувајте ја светлината (делумно) и затворете ги завесите, спуштете ги ролетните и не дозволувајте дополнителна топлина да влегува во домот.

Затворајте ги вратите од собите
Повеќето луѓе на лето ги отвораат сите врати од домот за да циркулира воздухот, но според експертите тоа е грешка.
Наместо тоа, затворајте ги вратите од просториите што не ги користите. На овој начин студениот утрински воздух подолго ќе се задржи во просториите што ги користите.
Исто така, ако вклучите клима и ги затворите вратите од просториите што не ги користите, студениот воздух, повторно, ќе се задржи само во просторијата (или просториите) во кои се движите или престојувате.

Пијте вода (но умерено пред спиење)
Во текот на денот е неопходно да пиете многу вода и течности за телото да ви биде хидрирано и да го ладите. Но, пред спиење пијте вода умерено за да не станувате во текот на ноќта, туку да имате мирен сон.

А. Ј. | Црнобело
