7 работи во домот кои никако не треба да ги чистите со оцет

Јајце

Ако ви се скрши јајце на подот или на работната маса, не пробувајте да исчистите со оцет, особено ако дел од него завршило на ткаенина.

Оцетот предизвикува реакција со протеините во јајцето, па може да остави дамки кои потоа ќе биде невозможно да ги исчистите.

Многу подобро е откако ќе го соберете јајцето со хартиен бришач, местото да го исчистите со малку средство за садови и топла вода.

7-raboti-vo-domot-koi-nikako-ne-treba-da-gi-chistite-so-ocet-05.JPG

Облека

Оцетот може да ги отстрани непријатните мириси од машината за перење, но и да ви помогне да ја дезинфицирате многу валканата облека.

Но, никако немојте да ставате оцет ако во машината сте ставиле и средство за избелување.

Во комбинација со избелувач, оцетот може да создаде токсичен гас кој не само што ќе ја уништи облеката, туку може и да ве отруе.

7-raboti-vo-domot-koi-nikako-ne-treba-da-gi-chistite-so-ocet-6.JPG

Машина за садови

Иако оцетот може да ја исчисти машината за садови, не е препорачливо да го користите бидејќи кај некои модели, може да ги оштети гумените делови.

Во зависност од моделот, некои гумени делови можат да бидат направени од различни материјали, од кои дел се оштетуваат од оцетната киселина.

Па, затоа не ризикувајте.

7-raboti-vo-domot-koi-nikako-ne-treba-da-gi-chistite-so-ocet-7.JPG

Бисерен накит

Ако имате бисерен накит, избегнувајте да го чистите со оцет бидејќи може да ги оштети бисерите.

Најбезбедно е бисерниот накит да го чистите со нежна крпа, натопена во раствор до млака вода и средство за садови.

7-raboti-vo-domot-koi-nikako-ne-treba-da-gi-chistite-so-ocet-08.JPG

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Грешки во чистењето на кујната поради кои храната има чуден вкус Не ја чистите рерната веднаш откако ќе се истури нешто во неа и ставате многу де...
8 лесни навики со кои домот ќе ви остане среден до следната генералка Не купувајте непотребни работи и стекнете навика секогаш да ги враќате предметит...
Чести грешки со кои ги уништувате кујнските ножеви (и си го отежнувате готвењето) Отворате кутии пратки со ножевите за храна, ги чувате на купче во фиока и забора...
Грешки во пролетното чистење на домот кои се само губење време Ако ја исчистите надворешноста на прозорците во рана пролет, трудот ќе ви биде з...
10 совети за чистење од експерти, кои ќе ви заштедат време и пари Мајонезот може да биде вистински спасител кога чистите - маслата што ги содржи с...
Скриени места во домот што сигурно заборавате да ги исчистите Кога последен пат сте ја исчистиле гумата на вратата од фрижидерот? А, шините на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg