Непријатни мириси, чистење: За што сè можете да користите лимони во домот?
Можете да ја „светнете“ туш кабината со парче лимон и сол, а можете да си направите и сушена кора од лимон за рецепти која ќе ви трае со месеци.

Лимоните важат за едно од „најздравите“ овошја, но покрај како храна, може да се користат и разни работи низ домот.
Поради лимонската киселина, но и пријатниот мирис, ќе ви се најдат за чистење, па и неутрализирање на лоши миризби.
За што се можете да ги искористите?
Исчистете ја туш кабината
Ако имате туш кабина со стаклени врати, можете да ја исчистите со лимон.
Ставете сол на половина парче лимон и истријте ја вратата, а потоа само исплакнете со вода.
Отстранете го непријатниот ирис во фрижидерот
Лимонот може да ги неутрализира непријатните мириси во фрижидерот. Секако, ова нема да функционира ако фрижидерот е многу валкан или внатре имате многу расипана храна.
Накиснете сунѓер или памук со лимонов сок и само оставете го фрижидерот.
Спречете ја појавата на инсекти
Некои инсекти, како мравки, не го поднесуваат мирисот на лимон. Па, ставете малку лимонов сок на местото каде што забележувате дека се појавуваат.
Важно е да знаете дека ова не е трајно решение – инсектите ќе се вратат штом мирисот испари. Но, трикот може да ви се најде додека да ги елиминирате целосно.
Темелно исчистете ги зеленчукот и овошјето
Со лимонот можете темелно да ги исчистите овошјето и зеленчукот.
Додајте една лажица лимонов сок во околу 200 милилитри вода и ставете го растворот во шише со распрскувач.
Испрскајте ги овошјето и зеленчукот, оставете да отстојат неколку минути, па добро исплакнете ги со студена вода.
