9 предмети во бањата што сигурно не ги чистите доволно

Иако ја плакнете по секое миење, важно е повремено да ја дезинфицирате четката за заби. Треба да го чистите и садот во којшто ја чувате за да спречите појава на мувла.

devet-predmeti-vo-banjata-shto-sigurno-ne-gi-chistite-dovolno-01.jpg

Поради влагата, бањата е место каде бактериите се развиваат побрзо, но и каде има навистина добри услови за создавање мувла.

Па, некои предмети треба да ги чистите повеќе отколку што мислите.

Девет предмети што веројатно не ги чистите доволно:

Детски играчки

На играчките со кои детето се бања лесно се акумулираат остатоци од шампони, но и влага ако не ги сушите добро.

За темелно да ги исчистите, најдобро е да ги оставите да киснат во сад со топла вода и една шолја бел оцет.

По еден час само исплакнете ги со вода и оставете ги добро да се исушат пред да ги вратите на нивното место.

devet-predmeti-vo-banjata-shto-sigurno-ne-gi-chistite-dovolno-02.JPG

Завеса за туш-кабина или када

Завесата во бањата е уште еден предмет на кој лесно се акумулираат остатоци од шампон и влага.

Ако имате завеса која се пере во машина, тогаш перете ја барем преку една недела.

Доколку завесата не е погодна за во машина, темелно чистете ја со средството со коешто ја чистите кадата.

devet-predmeti-vo-banjata-shto-sigurno-ne-gi-chistite-dovolno-03.JPG

Луфа

Ако користите луфа за туширање, навистина е важно да ја чистите редовно. Вo спротивно си го зголемувате ризикот од низа проблеми со кожата.

Луфата треба темелно да ја исплакнете по секое користење, а потоа оставете ја на место каде што ќе може целосно да се исуши.

Еднаш неделно препорачливо е да ја исперете на рака или во машина.

devet-predmeti-vo-banjata-shto-sigurno-ne-gi-chistite-dovolno-04.JPG

Четка за тоалетна школка

Јасно е дека на четката на тоалетната школка има многу бактерии, па важно е да ја дезинфицирате барем еднаш неделно.

Не заборавајте да го исчистите и нејзиниот држач.

devet-predmeti-vo-banjata-shto-sigurno-ne-gi-chistite-dovolno-05.JPG

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Предмети во домот кои никогаш не треба да ги чистите со вода Ако не сте сигурни дали накитот е од чисто сребро или злато, не ризикувајте и не...
Грешки во пролетното чистење на домот кои се само губење време Ако ја исчистите надворешноста на прозорците во рана пролет, трудот ќе ви биде з...
Грешки во чистењето на кујната поради кои храната има чуден вкус Не ја чистите рерната веднаш откако ќе се истури нешто во неа и ставате многу де...
9 домаќински трикови од нашите баби што ќе ви се најдат и денес Наместо да правите една генералка и да чистите сè одеднаш, направете неколку пом...
8 работи кои треба да ги фрлите веднаш од дома, без жалење Дали наместо да го фрлите искористениот пластичен прибор, си го чувате „за да ви...
7 работи во домот кои никако не треба да ги чистите со оцет Покрај лакираното дрво, немојте да комбинирате оцет и средство за избелување во ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg