9 предмети во бањата што сигурно не ги чистите доволно

Затворач за одвод

Затворачот за одводот и во кадата и во мијалникот е место каде лесно се акумулираат бактерии, бигор, како и остатоци од сапун и шампони.

Кога го чистите тоалетот, важно е да го исчистите и него.

Најлесно е да го оставите да кисне во сад со една шолја топла вода и една шолја бел оцет околу еден час.

Потоа само исплакнете го.

devet-predmeti-vo-banjata-shto-sigurno-ne-gi-chistite-dovolno-06.JPG

Шините на туш кабината

Ако имате туш-кабина со шибер врати, не заборавајте да ги исчистите и шините.

За да ги разградите нечистотиите, можете да истурите бел оцет, да оставите да делува, па да исплакнете со силен млаз вода.

devet-predmeti-vo-banjata-shto-sigurno-ne-gi-chistite-dovolno-07.JPG

Четки и чешли за коси

На четката и чешелот не остануваат само влакна, туку и продуктите што ги користите за коса, маслата што ги лачи вашиот скалп, како и прашина.

Па, ако користите четка или чешел што не ги чистите, косата ќе ви се мрси побрзо.

Еднаш неделно покиснете ја четката во топла вода и шампон, темелно исплакнете ја и оставете ја добро да се исуши.

devet-predmeti-vo-banjata-shto-sigurno-ne-gi-chistite-dovolno-08.JPG

Вентилатор

Со текот на времето, на вентилаторот во бањата се акумулира прашина.

Ако не го чистите, вентилаторот нема да работи правилно, а може и побрзо да се расипе. Поради влагата, пак, може да се појави и мувла.

Затоа важно е барем еднаш месечно да го чистите.

devet-predmeti-vo-banjata-shto-sigurno-ne-gi-chistite-dovolno-09.JPG

Четки за заби

Иако ги плакнете по секое миење заби, важно е и повремено да ги дезинфицирате четките.

Редовно чистете го и садот во којшто ги чувате за да спречите појава на мувла.

devet-predmeti-vo-banjata-shto-sigurno-ne-gi-chistite-dovolno-10.JPG

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Предмети во домот кои никогаш не треба да ги чистите со вода Ако не сте сигурни дали накитот е од чисто сребро или злато, не ризикувајте и не...
Грешки во пролетното чистење на домот кои се само губење време Ако ја исчистите надворешноста на прозорците во рана пролет, трудот ќе ви биде з...
Грешки во чистењето на кујната поради кои храната има чуден вкус Не ја чистите рерната веднаш откако ќе се истури нешто во неа и ставате многу де...
9 домаќински трикови од нашите баби што ќе ви се најдат и денес Наместо да правите една генералка и да чистите сè одеднаш, направете неколку пом...
8 работи кои треба да ги фрлите веднаш од дома, без жалење Дали наместо да го фрлите искористениот пластичен прибор, си го чувате „за да ви...
7 работи во домот кои никако не треба да ги чистите со оцет Покрај лакираното дрво, немојте да комбинирате оцет и средство за избелување во ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg