Цел живот сте ја чистеле рерната погрешно! Вака се чисти брзо, лесно и ефикасно

Наместо да ја гребете, стругате и уништувате рерната со разни средства, доволен е еден мал домашен трик кој ќе ви помогне.

cel-zivot-ste-ja-cistele-rernata-pogresno-vaka-se-cisti-brzo-lesno-i-efikasno-

Сите претходни начини на кои досега сте ја чистеле се погрешни, а она што треба да го направите е многу едноставно.

Во еден сад со малку вода додадете 2-3 лажици сода бикарбона, така што ќе добиете погуста смеса која може да се распрскува преку шише со прскалка од некое старо потрошено средство.

Ако има остатоци од храна, отстранете ги и испрскајте ја целата внатрешност со мешавината и оставете да отстои во текот на ноќта.

Потребно е да делува барем 12 часа, а потоа со влажна крпа лесно пребришете ја внатрешната површина.

За подобар резултат може да ја повторувате постапката на секои 12 часа во текот на 2 дена. Притоа може нормално да ја користите рерната за печење. На тој начин и подобро ќе делува смесата, а нема да штети на храната, бидејќи нема ништо опасно во составот од вода и сода бикарбона.

Откако ќе ја пребришете со влажна крпа, вклучете ја на ниска температура за побрзо да се исуши.

За дополнително чистење постои уште еден трик во кој се мешаат сода бикарбона и оцет наместо вода. Откако ќе добиете смеса со густина на паста и ќе ја пребришете површината, многу лесно ќе биде целосно чиста.

Би можело да ве интересира:

Предмети во домот кои никогаш не треба да ги чистите со вода Ако не сте сигурни дали накитот е од чисто сребро или злато, не ризикувајте и не...
8 работи кои треба да ги фрлите веднаш од дома, без жалење Дали наместо да го фрлите искористениот пластичен прибор, си го чувате „за да ви...
8 грешки низ домот кои може да ве чинат многу пари Дали ги тегнете каблите кога ги вадите од штекер? А кога последен пат сте го исч...
7 чести грешки што сигурно ги правите со рерната (и ризикувате да ја расипете) Не ја чистите редовно, користите вентилатор за секоја храна и ставате хартија за...
9 домаќински трикови од нашите баби што ќе ви се најдат и денес Наместо да правите една генералка и да чистите сè одеднаш, направете неколку пом...
5 работи што секогаш мора да ги перете со жешка вода Белите крпи, заедно со постелнината, се работи што секогаш треба да се перат со ...

Најчитани неделава