3 природни начини за да го освежите воздухот по чистењето со правосмукалка

Современиот живот не може да се замисли без употреба на правосмукалка. Но, сигурно сте забележале дека по чистењето со неа, низ собата се шири прашина и чуден мирис кои доаѓаат од кесата на правосмукалката.

3-prirodni-nacini-za-da-go-osvezite-vozduhot-po-cistenjeto-so-pravosmukalka-01

Постојат неколку начини за да продолжите со редовно чистење на домот со правосмукалка, но да успеете и воздухот да го одржите чист и свеж.

1. Сода бикарбона

Помага за отстранување на нечистотијата и ги апсорбира непријатните мириси. Ставете една лажичка сода бикарбона во кесата на правосмукалката секојпат кога ја празните. Таа ќе ги собере непријатните мириси од прашината во кесата, па просторот ќе остане свеж и чист по поминувањето со правосмукалка.


2. Миризлива мешавина од суви цвеќиња

Во празната кеса од правосмукалката ставете пола лажичка цимет во прав, сушена кора од еден портокал и малку сушено цвеќе. Овие три состојки ќе почнат да делуваат кога ќе се загрее правосмукалката, а пријатните мириси ќе се испуштаат низ филтерот дури и кога правосмукалката е исклучена.


3. Лаванда

Пред да почнете со чистење, истресете на тепихот малку лаванда. Најчесто се продава спакувана во вреќичка за освежување на гардероберот. Мирисот на лаванда ќе го неутрализира мирисот на кесата во правосмукалката, а ќе го освежи и воздухот во просторијата.

Би можело да ве интересира:

Вирални трикови за чистење што навистина функционираат (со продукти што ги имате дома) За да го отстраните бигорот од главата на тушот, ќе ви треба само оцет, а за да ...
Шест трикови за брзо и ефикасно чистење од хотелски хигиеничари Пред да почнете со метење и бришење прашина, прво средете го нередот, како валка...
8 грешки низ домот кои може да ве чинат многу пари Дали ги тегнете каблите кога ги вадите од штекер? А кога последен пат сте го исч...
Грешки во чистењето на кујната поради кои храната има чуден вкус Не ја чистите рерната веднаш откако ќе се истури нешто во неа и ставате многу де...
7 трикови како (конечно) да го средите хаосот во кујната Шишенцата зачини наредете ги во тава за лесно да можете да ги вадите и враќате в...
7 работи во домот кои никако не треба да ги чистите со оцет Покрај лакираното дрво, немојте да комбинирате оцет и средство за избелување во ...

Најчитани неделава