Фенг Шуи пролетно чистење на домот во 8 чекори

Доброто пролетно чистење може да направи чудо за вашата лична енергија, која ќе ве храни, зајакне и ќе ви го покаже патот на успехот...

feng-sui-proletno-cistenje-na-domot-vo-8-cekori-01.jpg

Фенг шуи, како и секогаш, може многу едноставно да ви помогне при пролетното чистење на домот преку овие 8 чекори:

1. Ако сте во потрага по начин за да си го подобрите здравјето, тогаш чистењето започнете го од кујната. Исфрлете ги сите расипани работи од фрижидерот, исчистете го детално шпоретот и сите садови со кои готвите. Исчистете ги фиоките во кујната, сите површини и така ќе создадете нова патека за силниот Чи да тече и да ја храни вашата енергија.

2. Внесете во домот нови 3 саксии со Фенг шуи билки за да ја освежите енергијата. Ако планирате да ги поставите во кујна, тогаш одберете босилек, рузмарин или нане.

3. Темелно исчистете ги и исфрлете ги непотребните работи од спалната соба и од бањата. Фрлете сѐ што не сте користеле последниве 6 месеци.

4. Ако сте во потрага по нова љубов, тогаш време е за чистење на гардероберот во домот. Направете простор во него за проток на енергијата за да го привлечете тоа што го барате.

5. Прегледајте ги полиците со книги и видете дали можете некоја да донирате. Така ќе направите простор за нови свежи идеи во вашиот дом, а од книжара набавете си нови книги кои се енергични.

feng-sui-proletno-cistenje-na-domot-vo-8-cekori-02.jpg

6. За подобри финансии во пролет прегледајте ги сите документи кои ги имате во домот. Погледнете што ви е приоритет, а што не ви е и обидете се повеќе да користите кеш наместо картички. Размислете за нови идеи за штедење.

7. За да си го одржите внатрешниот мир, креветот на кој спиете треба да гледа кон вратата од собата. Истото така, пролетта е одлично време за бојадисување на ѕидовите, па за подобар сексуален живот користете топли бои.

8. Последно, но не и најмалку важно е да бидете сигурни дека добро го сфаќате значењето на чистењето на пролетта со помош на Фенг шуи. Оваа сезона е најдобро време за големи сесии од чистење, бидејќи во вашиот дом ќе се создаде добра и позитивна енергија која ќе трае.

Би можело да ве интересира:

Нова лесна техника за фарбање велигденски јајца (ако немате друга опција) Ако сакате да пробате нова техника или едноставно не сте се снабдиле со бои, има...
8 грешки низ домот кои може да ве чинат многу пари Дали ги тегнете каблите кога ги вадите од штекер? А кога последен пат сте го исч...
Шест трикови за брзо и ефикасно чистење од хотелски хигиеничари Пред да почнете со метење и бришење прашина, прво средете го нередот, како валка...
Вирални трикови за чистење што навистина функционираат (со продукти што ги имате дома) За да го отстраните бигорот од главата на тушот, ќе ви треба само оцет, а за да ...
8 работи кои треба да ги фрлите веднаш од дома, без жалење Дали наместо да го фрлите искористениот пластичен прибор, си го чувате „за да ви...
Грешки во чистењето на кујната поради кои храната има чуден вкус Не ја чистите рерната веднаш откако ќе се истури нешто во неа и ставате многу де...

Најчитани неделава