15 Неверојатни трикови со кои ќе и кажете збогум на прашината во домот

Прашината е проблем со кој се соочува секоја домаќинка. Колку и да чистите, имате чувство дека таа никогаш не е целосно исчистена.

15-neverojatni-trikovi-so-koi-kje-i-kazete-zbogum-na-prasinata-00

Друг важен момент е тоа што прашината влијае врз здравјето на семејството, и тоа не само врз оние кои се алергични на неа, туку и врз сите останати.

Во прилог следат корисни и практични начини кои ќе ви помогнат како да се ослободите од неа без да потрошите цел куп пари за скапи средства за чистење кои воопшто нема да ви помогнат.

1. Влажни марамици

Секогаш ви се при рака за лесно и брзо да ја избришете наталожената прашина од сите површини. Плус, знаете дека се антибактериски и дека нема да прдизвикаат никакви несакани реакции кај никого од семејството.

15-neverojatni-trikovi-so-koi-kje-i-kazete-zbogum-na-prasinata-0002.jpg

2. Памучни ракавици

Со ваквите ракавици многу полесно и побрзо ќе ги исчистите деликатните предмети во домот како лустерите или ситните украси....

-neverojatni-trikovi-so-koi-kje-i-kazete-zbogum-na-prasinata-02

3. Мека четка

Ако сакате темелно да ги исчистите и најмалите пукнатини и дупчиња тогаш четката е вистински избор за вас.

-neverojatni-trikovi-so-koi-kje-i-kazete-zbogum-na-prasinata-03

4. Стари чорапи

Старите чорапи може да ви бидат од огромна корист при чистењето на прозорите и нивните ролетни или при чистењето на подот.

-neverojatni-trikovi-so-koi-kje-i-kazete-zbogum-na-prasinata-04

5. Картон од тоалетна хартија

Средишниот картон од тоалетната хартија можете да го искористите во комбинација со правосмукалката за да ги исчистите и најмалите празнини на рамките од прозорите.

-neverojatni-trikovi-so-koi-kje-i-kazete-zbogum-na-prasinata-05

6. Чистење од горе надолу

За да спречите разнесувањето прашина онаму каде веќе сте исчистиле држете се до ова правило. Најнапред исчистете ги највисоките елементи како лустерот или прозорите а потоа продолжете кон пониските.

-neverojatni-trikovi-so-koi-kje-i-kazete-zbogum-na-prasinata-06

7. Ослободете се од огромниот број ситни украси

Ситните украси се најчесто сувенири кои ви значат, но и предмети врз кои најмногу се таложи прашина. За да го избегнете овој непријатен проблем или ставете ги во некоја стаклена витрина или едноставно тргнете ги.

-neverojatni-trikovi-so-koi-kje-i-kazete-zbogum-na-prasinata-07

8. Не ги заборавајте завесите

Завесите се еден од елементите кои собираат огромна количина на прашина, а често се случува да биде заборавен и да остане неисчистен.

-neverojatni-trikovi-so-koi-kje-i-kazete-zbogum-na-prasinata-08

9. Затворени прозорци

Секако дека една од намените на прозорците е да ја вентилира просторијата, но сепак треба да имате на ум дека за тоа се доволни 10-15 минути неколку пати во денот. Постојано отворениот прозорец можеби ќе ја вентилира просторијата, но и ќе дозволи влез на огромна количина прашина.

-neverojatni-trikovi-so-koi-kje-i-kazete-zbogum-na-prasinata-09

10. Растенија

Растенијата, како и завесите, се уште едно место на таложење прашина кое често го забораваме. Редовното миење на нивните листови во бањата или дворот ќе помогне да се ослободите од прашната, а тие да добијат поубава боја и подобро да растат.

-neverojatni-trikovi-so-koi-kje-i-kazete-zbogum-na-prasinata-10

11. Теписи

Кога купувате тепих гледајте тој да биде изработен од природни материјали и што помал бидејќи на тој начин многу полесно ќе го чистите или перете па ќе спречите таложење на огромни количина прашина.

-neverojatni-trikovi-so-koi-kje-i-kazete-zbogum-na-prasinata-11

12. Водно чистење

Ако треба да изберете меѓу сувото и водно чистење секогаш избирајте го второто бидејќи на тој начин прашината се собира и не се разнесува на сите страни како при сувото чистење.

-neverojatni-trikovi-so-koi-kje-i-kazete-zbogum-na-prasinata-12.jpg

13. Алкохол за чисти сијалици

Сијалиците најдобро ќе ги исчистите ако на крпата за чистење капнете неколку капки алкохол.

-neverojatni-trikovi-so-koi-kje-i-kazete-zbogum-na-prasinata-13

14. Средства за полирање – само врз крпата

Никогаш не нанесувајте средства за полирање, восок или паста за чистење директно врз дрвените површини. Секогаш прво нанесете ги на крпата, па потоа избришете ја проблематичната површина.

-neverojatni-trikovi-so-koi-kje-i-kazete-zbogum-na-prasinata-14

15. Микрофибер

Ова е материјалот кој прави чуда кога е чистењето во прашање. Не само што ја собира прашината, туку и не ги испушта нејзините честички назад во просторот. Погоден е за чистење на секакви површини, од подот до стакла и прозорци.

-neverojatni-trikovi-so-koi-kje-i-kazete-zbogum-na-prasinata-15

M. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Работи што ги правите погрешно кога го чистите домот (и можат да бидат опасни) Ги чистите тавите со жичка и користите чистач на пареа за тепихот – со овие греш...
9 работи во домот што можете да ги оштетите ако ги чистите (или перете) многу често Можете да ја користите истата крпа и 3-4 дена ако ја закачувате на место на кое ...
Валкани штекери и уште 9 ситници поради кои домот ви изгледа неуредно во очите на гостите Дамки од бигор на чешмата, расфрлани шминки и овенато цвеќе – постојат ситници н...
Рерна, загорено тенџере: Што сè можете да исчистите со таблети за машина за садови? Дали стаклото на вратата од рерната ви е премногу валкано за да видите кога е го...
Предмети во домот кои е препорачливо да ги заменувате со нови еднаш годишно Завесата во бањата е совршено место за развој на мувла и бактерии, дури и ако ре...
6 совети со кои облеката ќе ви остане снежно бела како на првото носење Дали белата облека ви потемнува брзо откако ќе ја купите и веќе ја нема истата с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg