9 работи кои цел живот сте ги правеле погрешно

Животот е навистина лесен и едноставен доколку ги знаете вистинските трикови.

10-raboti-koi-cel-zivot-ste-gi-pravele-pogresno-02

Постојат многу нешта кои ги правиме на овој или оној начин, без воопшто да размислиме зошто е тоа така и дали постои некој друг поедноставен начин за истите да бидат извршени.

Следните фотки ќе ви покажат како да си го олесните животот, давајќи им сосема нова перспектива на нештата кои до сега сте ги правеле.

1. Ја отворате кутијата за да скинете парче алуминиумска фолија

Речиси секоја кутија за фолија има перфорирани делови во форма на круг кои треба да ги турнете и да отворите дупчиња. Тие се местото каде треба да држите, а на капакот најчесто се наоѓа назабен дел со кој ќе пресечете онолку колку што ви е потребно.

10-raboti-koi-cel-zivot-ste-gi-pravele-pogresno-01

2. Лажицата со која мешате секогаш ја оставате отстрана или врз тенџерето

Многу од тенџерињата имаат мали дупки во самите рачки кои можете да ги искористите како одлични држачи за лажиците со кои готвите.

10-raboti-koi-cel-zivot-ste-gi-pravele-pogresno-02

3. Ги пречкртувате погрешните зборови со прави линии

Доколку напишете нешто погрешно и не сакате некој да го прочита, наместо да го пречкртате со права линија, врз буквите напишете нови букви, а зборовите ќе станат сосема непрепознатливи.

10-raboti-koi-cel-zivot-ste-gi-pravele-pogresno-04

4. Го сечете лебот од горната страна

Всушност за многу полесно да го исечете лебот треба само да го превртите наопаку.

10-raboti-koi-cel-zivot-ste-gi-pravele-pogresno-05

5. Ја ставате цевката во отворот од лименката

Вметнете ја цевката низ прстенот од отворачот и таа ќе биде на своето место цело време, без да мрда горе-долу заради меурчињата кои се ослободуваат.

10-raboti-koi-cel-zivot-ste-gi-pravele-pogresno-06

6. Со часови се обидувате да ја одврзете кесата која сте ја врзале цврсто

Наједноставен начин да ја одврзете кесата е да ја извиткате најтенко што можете и навртениот дел да го протнете низ јазолот.

10-raboti-koi-cel-zivot-ste-gi-pravele-pogresno-07

7. Ја ставате тоалетната хартија со слободниот дел навнатре

Слободниот дел треба секогаш да биде од надворешната страна. Тоа го пишува дури и на оригиналниот патент од 1891 година.

10-raboti-koi-cel-zivot-ste-gi-pravele-pogresno-08

8. Полните кеси од супермаркетот едноставно ги ставате во количката

Веднаш зад делот кој се користи како детско седиште има малечки издадени делови кои всушност се наменети за закачување на вашите кеси.

10-raboti-koi-cel-zivot-ste-gi-pravele-pogresno-09

9. Кога сакате да згреете тестенини ги истурате во куп на средината од чинијата

За многу побрзо и порамномерно да ги загреете тестените кои ви останале од претходно распоредете ги на чинија во форма на крофна.

10-raboti-koi-cel-zivot-ste-gi-pravele-pogresno-10

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 грешки низ домот кои може да ве чинат многу пари Дали ги тегнете каблите кога ги вадите од штекер? А кога последен пат сте го исч...
Грешки во чистењето на кујната поради кои храната има чуден вкус Не ја чистите рерната веднаш откако ќе се истури нешто во неа и ставате многу де...
Корисни трикови што ќе ви решат многу проблеми низ домот (и ќе ви заштедат време и пари) Со алатката за сечење јајца можете да исечете и печурки, а разните клучеви может...
7 чести грешки што сигурно ги правите со рерната (и ризикувате да ја расипете) Не ја чистите редовно, користите вентилатор за секоја храна и ставате хартија за...
Пет работи кои не треба да ги чувате во шкафчето под кујнскиот мијалник Ако имате деца, никако немојте да чувате силни хемикалии во шкафчето под мијални...
7 трикови како (конечно) да го средите хаосот во кујната Шишенцата зачини наредете ги во тава за лесно да можете да ги вадите и враќате в...

Најчитани неделава