Магијата на чистењето: Како еднаш засекогаш да имате среден дом?

Јапонската консултантка за чистење, Мари Кондо која е позната по нејзиниот бестселер, „ The Life-Changing Magic of Tidying Up: The Japanese Art of Decluttering and Organizing“, вели дека е подобро да имате една голема генералка, наместо секој ден да го организирате домот, малку по малку.

magijata-na-cistenjeto-kako-ednash-zasekogash-da-imate-sreden-dom-01.jpg

Според неа, ефикасното чистење се одвива во два чекори.

Првиот е да се ослободите од бескорисните работи, а вториот чекор е да најдете место каде ќе ги чувате работите кои навистина ви требаат.

Според неа, воопшто не треба да почнете со средување, пред да се ослободите од непотребните работи.

Чекор број 1: Фрлање на бескорисните работи

magijata-na-cistenjeto-kako-ednash-zasekogash-da-imate-sreden-dom-1.jpg

Фрлете ги сите работи со еден замав

Вообичаено, ова е најлесниот дел од ослободување од непотребните работи. Но, од друга страна, понекогаш е тешко да најдете причина зошто треба да се ослободите од некои работи кои повеќе не се функционални. Кондо советува: „Ако нешто не сте користеле цела година, време е да го фрлите. А, ако се мислите за одредена работа, дали да ја фрлите или не, само запрашајте се дали таа работа ви носи среќа во животот“.


Категорија по категорија систем

Наместо да одите од соба во соба и да чистите (пример, денес ја средувам кујната, утре спалната), соберете ги сите работи од одредена категорија на едно место. „Соберете ги сите работи на едно место. Многу луѓе се изненадени кога ќе откријат колку многу работи чувале дома.“. Исто така, најдобро е да почнете со чистење на работите кои се полесни за ослободување како: шминка, накит, домашни апарати, облека, прибор за пишување, куќни материјали...

magijata-na-cistenjeto-kako-ednash-zasekogash-da-imate-sreden-dom-2.jpg

Не дозволувајте роднините да ви се мешаат

Многу луѓе решаваат да чуваат подароци и ги носат само по дома (реалноста е дека ниту дома не носите одредени работи), тие работи важно е веднаш да ги фрлите, без разлика на тоа дали ви биле подарок или не.


Ослободување од непотребните сувенири

Исто така, сте добиле сувенири од одредени места, а немате намера да ги користите или воопшто не ви се допаѓаат? Нивната поента е да ги добиете, не да ги чувате кога повеќе од очигледно, не ви се допаѓаат.

Чекор број 2: Паметно чување на работите

magijata-na-cistenjeto-kako-ednash-zasekogash-da-imate-sreden-dom-3.jpg

Како паметно да ги организирате работите

Еднаш што ќе се ослободите од непотребните работи, веќе имате повеќе простор за организирање на оние работи имате намера да ги употребувате. Исто така, сите работи треба да ви бидат при рака.


Главната тајна е вертикално чување

Револуционерното откритие на Мари Кондо е да чи чувате работите во исправена положба, не во купови. Овој принцип не важи само за книгите, документите и облеката. Можете да го искористите примерот на ИКЕА со чување на пешкирите со нивно ролање. Така веднаш имате достапност на едно парче.


Најдобрата алатка за чување се кутиите за чевли

magijata-na-cistenjeto-kako-ednash-zasekogash-da-imate-sreden-dom-4.jpg

Чист дом - чист живот

Мари Кондо вели дека со чистењето на домот, на еден начин наоѓате средство како да се ослободите од работите од минатото и да почнете од почеток.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 работи кои треба да ги фрлите веднаш од дома, без жалење Дали наместо да го фрлите искористениот пластичен прибор, си го чувате „за да ви...
8 грешки низ домот кои може да ве чинат многу пари Дали ги тегнете каблите кога ги вадите од штекер? А кога последен пат сте го исч...
Шест трикови за брзо и ефикасно чистење од хотелски хигиеничари Пред да почнете со метење и бришење прашина, прво средете го нередот, како валка...
Вирални трикови за чистење што навистина функционираат (со продукти што ги имате дома) За да го отстраните бигорот од главата на тушот, ќе ви треба само оцет, а за да ...
7 работи во домот кои никако не треба да ги чистите со оцет Покрај лакираното дрво, немојте да комбинирате оцет и средство за избелување во ...
9 домаќински трикови од нашите баби што ќе ви се најдат и денес Наместо да правите една генералка и да чистите сè одеднаш, направете неколку пом...

Најчитани неделава