Кујнски додатоци кои треба да ги исфрлите од употреба

Дали сте знаеле дека 80% од пластичните шишиња за вода кои се користат во текот на една година, всушност не се рециклираат туку завршуваат во депонија и ја загадуваат нашата животна средина?

4-kujnski-dodatoci-koi-treba-da-gi-isfrlite-od-upotreba-001.jpg

Освен шишињата, постојат и неколку други пластични додатоци кои редовно ги користиме за складирање во нашата кујна, несвесни дека тие и тоа како ја загрозуваат нашата животна средина.

Во продолжение прочитајте кои кујнски додатоци треба веднаш да ги отстраните од употреба и да ги замените со нови практични садови, кои нема да ја загрозуваат животната средина.

Пластична проѕирна фолија

Не постои кујна во која овој тип на додаток не е во широка употреба. Доколку стекнете навика храната да ја затворате во стаклени садови, наместо да ја обвиткувате со фолија, тогаш и официјално учествувате во заштитата на животната средина.

Прибор за еднократна употреба

Пластични лажици, ножеви и виљушки се нешто што редовно го фрламе по само една употреба. Ваквиот тип на материјал скоро никогаш не се рециклира и најчесто завршува во депонија, каде многу тешко и бавно се разградува.

Пластични цевки

Иако ова е омилениот реквизит на вашите деца за пиење сок или вода, време е да сфатите дека тие се големи штетници на природата.

С. У. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Предмети во домот кои никогаш не треба да ги чистите со вода Ако не сте сигурни дали накитот е од чисто сребро или злато, не ризикувајте и не...
Грешки во чистењето на кујната поради кои храната има чуден вкус Не ја чистите рерната веднаш откако ќе се истури нешто во неа и ставате многу де...
8 грешки низ домот кои може да ве чинат многу пари Дали ги тегнете каблите кога ги вадите од штекер? А кога последен пат сте го исч...
Чести грешки со кои ги уништувате кујнските ножеви (и си го отежнувате готвењето) Отворате кутии пратки со ножевите за храна, ги чувате на купче во фиока и забора...
5 работи што секогаш мора да ги перете со жешка вода Белите крпи, заедно со постелнината, се работи што секогаш треба да се перат со ...
Шест работи што никако не треба да ги чистите со средство за садови Без разлика дали станува збор за чевли, јакна или, пак, гарнитура, кожата е мате...

Најчитани неделава