5 методи за исправање на облеката, ако ве мрзи да пеглате

На листата на домашни обврски кои сите ги презираме, сигурно ќе се согласите, дека е запишано и пеглањето. Можеби е и на врвот на истата.

5-metodi-za-ispravanje-na-oblekata-ako-ve-mrzi-da-peglate-01.jpg

Целиот тој процес на поставување на даската за пеглање, прскањето, пеглањето до најмал детаљ, посебно на кошулите кои додека пеглате една страна, другата повторно се гужва... согласни сме, навистина не е омилен.

За среќа, постојат 5 паметни методи заради кои лесно ќе се соочите со пеглањето...

1. Израмнете ја облеката со влажен пешкир

Поставете ја гужваната облека на рамна површина и ставете на неа влажен пешкир. Нежно притискајте и потоа почекајте површината да се исуши.

2. Фенот за коса, не е само за коса

Оваа метода е далеку поедноставна од пеглањето - закачете ја на закачалка гужваната облека, застанете на неколку сантиметри оддалеченост и сушете ја со фен додека не исчезнат наборите.

3. Исправање на облеката, додека вие се бањате

Оваа метода трае подолго, ама со неа дефинитивно ќе ви се исправи облеката. Прво, затворете ги сите прозори и врати од тоалетот, гужваната облека закачете ја некаде во близина на тушот и пуштете ја водата. Додека вие се капете, пареата ќе ја исправи облеката.

4. Воден спреј

Закачете ја гужваната облека и напрскајте ја со вода. Кога ќе се исуши, наборите ќе исчезнат.

5. Метода со чајник

Ако имате чајник, гужваната облека можете да ја исправите додека подготвувате чај. Само облеката треба да биде закачена некаде ќе може да дојде до пареата.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 грешки низ домот кои може да ве чинат многу пари Дали ги тегнете каблите кога ги вадите од штекер? А кога последен пат сте го исч...
Шест (евтини) трикови со кои ќе го отстраните мирисот на влага од испраната облека Остатоците од детергенти и бигор во машината за перење можат да предизвикаат неп...
9 домаќински трикови од нашите баби што ќе ви се најдат и денес Наместо да правите една генералка и да чистите сè одеднаш, направете неколку пом...
8 работи кои треба да ги фрлите веднаш од дома, без жалење Дали наместо да го фрлите искористениот пластичен прибор, си го чувате „за да ви...
7 работи во домот кои никако не треба да ги чистите со оцет Покрај лакираното дрво, немојте да комбинирате оцет и средство за избелување во ...
5 работи што секогаш мора да ги перете со жешка вода Белите крпи, заедно со постелнината, се работи што секогаш треба да се перат со ...

Најчитани неделава