5 работи од кои треба да се ослободите за да имате хармонија во домот

Ако во последно време сте забележале негативна енергија и недостаток од хармонија во домот, можеби е време да направите мала чистка од одредени нешта.

5-raboti-od-koi-treba-da-se-oslobodite-za-da-imate-harmonija-vo-domot-01_copy.jpg

Многу често, не сме ни свесни дека некои работи што ги имаме дома ни ја црпат енергијата. Според Фенг шуи, треба да се ослободите од овие 5 работи ако сакате да имате поубав престој дома:

5-raboti-od-koi-treba-da-se-oslobodite-za-da-imate-harmonija-vo-domot-1.jpg

Стари весници, документи и книги

Овие работи зафаќаат премногу простор, а прават само штета. Книгите подарете ги или донирајте ги некому, документите проверете ги дали ви требаат, а весниците веднаш фрлете ги.

Места за седење под дрвена греда

Дизајнерите истакнуваат дека дрвените греди се шик детаљ во домот, но под нив се крие негативна енергија. Наш совет е да ги избегнувате при уредување на просторот.

5-raboti-od-koi-treba-da-se-oslobodite-za-da-imate-harmonija-vo-domot-2.jpg

Чевли пред врата

Не оставајте чевли  пред ниедна врата во домот бидејќи се верува дека носат лоша енергија. Сместете ги уредно во шкафче наменето за чевли.

Скршени садови

Колку и да ви е омилен некој сад, ако се скрши не го лепете, туку веднаш фрлете го. Користењето оштетени садови може негативно да влијае на работата и финансиите.

Празни садови за сол или шеќер

Никогаш не ги оставајте малите садови за сол и шеќер потполно празни. Полиците со празни садови во кујната влијаат на хармонијата во семејството.

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 работи кои треба да ги фрлите веднаш од дома, без жалење Дали наместо да го фрлите искористениот пластичен прибор, си го чувате „за да ви...
Грешки во чистењето на кујната поради кои храната има чуден вкус Не ја чистите рерната веднаш откако ќе се истури нешто во неа и ставате многу де...
Чести грешки со кои ги уништувате кујнските ножеви (и си го отежнувате готвењето) Отворате кутии пратки со ножевите за храна, ги чувате на купче во фиока и забора...
8 грешки низ домот кои може да ве чинат многу пари Дали ги тегнете каблите кога ги вадите од штекер? А кога последен пат сте го исч...
Пет работи кои не треба да ги чувате во шкафчето под кујнскиот мијалник Ако имате деца, никако немојте да чувате силни хемикалии во шкафчето под мијални...
7 работи во домот кои никако не треба да ги чистите со оцет Покрај лакираното дрво, немојте да комбинирате оцет и средство за избелување во ...

Најчитани неделава