Ослободете се од лошите кујнски миризби на лесен и природен начин

На сите ни се има случено да готвиме нешто ароматично кое ќе остави интензивен мирис кој се провлекува низ кујната и домот. Мирисот на храна е прекрасен, но кога се вовлекува во секоја можна просторија и во облеката не е ниту малку интересно.

Oslobodete-se-od-losite-kujnski-mirizbi-na-lesen-i-priroden-nacin-01.jpg

Особено ако ја имате несреќата да го загорите ручекот или да ви претече нешто што варите. За среќа, имаме лесно и евтино решение како да се ослободите од лошите кујнски миризби.

Сé што ви е потребно е еден голем лимон исечкан на тркалца и поголема количина свеж магдонос.

Oslobodete-se-od-losite-kujnski-mirizbi-na-lesen-i-priroden-nacin-03.jpg

Ставете ги во големо тенџере со обична вода од чешма и оставете ги да се варат на средна температура максимум околу 45 минути.

По 20 минути ќе забележите како непријатните миризби полека се губат, а веќе околу 40-тата минута вашиот дом ќе се исполни со свеж цитрусен мирис.

Пробајте, немате што да загубите освен лошите кујнски миризби.

Oslobodete-se-od-losite-kujnski-mirizbi-na-lesen-i-priroden-nacin-04.jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 грешки низ домот кои може да ве чинат многу пари Дали ги тегнете каблите кога ги вадите од штекер? А кога последен пат сте го исч...
Чести грешки со кои ги уништувате кујнските ножеви (и си го отежнувате готвењето) Отворате кутии пратки со ножевите за храна, ги чувате на купче во фиока и забора...
7 работи во домот кои никако не треба да ги чистите со оцет Покрај лакираното дрво, немојте да комбинирате оцет и средство за избелување во ...
9 домаќински трикови од нашите баби што ќе ви се најдат и денес Наместо да правите една генералка и да чистите сè одеднаш, направете неколку пом...
Грешки во чистењето на кујната поради кои храната има чуден вкус Не ја чистите рерната веднаш откако ќе се истури нешто во неа и ставате многу де...
Скриени места во домот што сигурно заборавате да ги исчистите Кога последен пат сте ја исчистиле гумата на вратата од фрижидерот? А, шините на...

Најчитани неделава