4 трикови со кои ќе ги поправите фармерките што ја изгубиле формата

Сите сме се нашле во ситуација кога омилените фармерки ќе се рашират од носење и ќе станат многу големи или ќе се смалат, па нема да можеме да ги облечеме.

4-trikovi-so-koi-kje-gi-popravite-farmerkite-shto-ja-izgubile-formata-01.jpg

Величината на фармерките со тек на време се менува, па после неколку перења ја губат првичната форма.

Со овие неколку трикови ќе можете да ги решите проблемите со фармерките кога ќе има потреба за тоа:

Ако фармерките се смалени

1. Испркајте ги фармерките со млака вода, па со влажни раце растегнете ги во сите правци. Стариот облик ќе им се врати веднаш.

2. Ова е малку чуден трик, но делува. Облечете ги фармерките кои се смалиле и седнете во када полна со топла вода. Внимавајте водата да не биде премногу топла. Топлината ќе го рашири материјалот. Потоа оставете ги да се исушат.

4-trikovi-so-koi-kje-gi-popravite-farmerkite-shto-ja-izgubile-formata-02.jpg

Ако фармерките се раширени

1. Исперете ги фармерките во врела вода. Но, не ставајте омекнувач бидејќи материјалот може многу да гo смени првобитниот изглед.

2. Ако појасот на фармерките се раширил, сошијте мал еластичен појас на внатрешноста со кој фармерките ќе се затегнат до големината која најмногу ви одговара.

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

9 домаќински трикови од нашите баби што ќе ви се најдат и денес Наместо да правите една генералка и да чистите сè одеднаш, направете неколку пом...
Вирални трикови за чистење што навистина функционираат (со продукти што ги имате дома) За да го отстраните бигорот од главата на тушот, ќе ви треба само оцет, а за да ...
Трикови и совети што ќе ви решат многу проблеми во кујна Покријте ја кујнската вага со најлонска фолија за да не ја извалкате кога ја кор...
Како да ја „спасите“ пресолената супа и уште 7 корисни кујнски трикови Како да го спасите загорениот ориз или, пак, пресолената супа? А, како подобро д...
7 трикови како (конечно) да го средите хаосот во кујната Шишенцата зачини наредете ги во тава за лесно да можете да ги вадите и враќате в...
Шест трикови за брзо и ефикасно чистење од хотелски хигиеничари Пред да почнете со метење и бришење прашина, прво средете го нередот, како валка...

Најчитани неделава