Како најдобро и најбезбедно да ги исчистите слушалките за мобилен телефон?

Слушалките за мобилниот ги носиме на пат за накај работа, додека вежбаме, кога слушаме музика во автобус и на многу други места.

kako-najdobro-i-najbezbedno-da-gi-ischistite-slushalkite-od-mobilniot-01.jpg

Секојдневно ги користиме, но често забораваме да провериме дали се чисти.

Нечистотијата што се собира на слушалките може да предизвика здравствени проблеми, како на пример иритации на кожата, воспаленија или проблеми со слухот.

Прочитајте како најдобро и најбезбедно да ги чистите слушалките:

1. Чистете ги слушалките со нежно средство за чистење. Можете да измешате благ шампон или сапун за раце и топла вода или сјај за миење садови со топла вода.

2. Натопете еден дел од мека крпа во течноста, но внимавајте да нема премногу сапуница и премногу вода бидејќи со тоа може да се оштетат слушалките.

3. Ако има нечистотии или прашина на металните делови од слушалките, исчистете ги со сува четка за заби. Четката за заби ќе ги исчисти најситните делови што не можат да се исчистат со обична крпа.

kako-najdobro-i-najbezbedno-da-gi-ischistite-slushalkite-od-mobilniot-03.jpg

4. Некои слушалки за уши имаат силиконски навлаки кои можат да се скинат или одвојат. Нив перете ги посебно и добро исушете ги.

5. Уште еден начин да ги исчистите слушалките е ако на стапче за уши ставите малку алкохол и со него ги поминете сите делови од слушалките.

kako-najdobro-i-najbezbedno-da-gi-ischistite-slushalkite-od-mobilniot-05.jpg

6. Никако не смеете да ги перете слушалките во сад со вода или под млаз вода бидејќи трајно ќе се расипат и нема да функционираат.

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Грешки во пролетното чистење на домот кои се само губење време Ако ја исчистите надворешноста на прозорците во рана пролет, трудот ќе ви биде з...
Шест трикови за брзо и ефикасно чистење од хотелски хигиеничари Пред да почнете со метење и бришење прашина, прво средете го нередот, како валка...
7 работи што лесно можете да ги исчистите со пена за бричење Ако го исчистите огледалото во бањата со пена за бричење, нема да се замаглува к...
Пет корисни трикови за чистење (што не ги знае ни вашата баба) Исчистете ја скарата на жар со обичен кромид, а за загорените тави и тенџериња ќ...
Предмети во домот кои никогаш не треба да ги чистите со вода Ако не сте сигурни дали накитот е од чисто сребро или злато, не ризикувајте и не...
7 предмети во домот што можете да ги исчистите со храна Дезинфицирајте ја даската за сечење со лимон и исчистете ја скарата на жар со кр...

Најчитани неделава