Како да ја исчистите кожената јакна дома?

Кожената јакна е модно парче кое може да се носи речиси во секоја сезона и во многу пригоди. Се комбинира на секакви начини и затоа е важно правилно да ја одржувате за да ви трае подолго.

4-ednostavni-nachini-za-chistenje-na-kozhnata-jakna-01.jpg

Без разлика дали јакната е од природна или вештачка кожа, најдобро е да ја перете со благ, течен детергент и млака вода.

Освен овој начин, можете да ги примените и следниве 4 начини за чистење:

Паста за заби

На дамките на јакната нанесете малку паста за заби. Нежно истријте ги дамките со мека крпа додека не исчезнат. Ако ви остане паста на јакната, отстранете го вишокот со влажна крпа.

Медицински алкохол

Измешајте медицински алкохол и вода во сооднос 1:1. Во течноста потопете памучна крпа, добро исцедете ја и пребришете ја јакната. Со друга влажна крпа повторно пребришете ги сите делови.

Сода бикарбона

Нанесете сода бикарбона на целата јакна или на деловите каде има дамки. Со влажна крпа нежно истријте ја и оставете да неколку часа. Потоа, избришете ја со сува крпа.

Отстранувач на лак за нокти

Дамките на кожената јакна лесно можете да ги исчистите ако нанесете малку отстранувач на лак за нокти на стапче за уши. Не тријте директно на дамката бидејќи може да се изгуби бојата на тој дел.

Внимателно притискајте со стапчето за уши врз дамката, а потоа пребришете со влажна крпа, а на крај со сува крпа.

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Грешки во чистењето на кујната поради кои храната има чуден вкус Не ја чистите рерната веднаш откако ќе се истури нешто во неа и ставате многу де...
Вирални трикови за чистење што навистина функционираат (со продукти што ги имате дома) За да го отстраните бигорот од главата на тушот, ќе ви треба само оцет, а за да ...
Шест трикови за брзо и ефикасно чистење од хотелски хигиеничари Пред да почнете со метење и бришење прашина, прво средете го нередот, како валка...
Трикови и совети што ќе ви решат многу проблеми во кујна Покријте ја кујнската вага со најлонска фолија за да не ја извалкате кога ја кор...
9 домаќински трикови од нашите баби што ќе ви се најдат и денес Наместо да правите една генералка и да чистите сè одеднаш, направете неколку пом...
„Мрзливи“ трикови за чистење за домаќинки (и домаќини) кои немаат многу време Влакната од гарнитурата соберете ги со гумена ракавица, а блендерот само наполне...

Најчитани неделава