Природно средство за чистење на одводот кое можете да го направите сами

Ако одводот не е сосема проточен и водата од мијалникот оди побавно, не мора веднаш да посегнувате по средства за чистење полни со хемикалии.

prirodno-sredstvo-za-chistenje-na-odvodot-koe-mozhete-da-go-napravite-sami-01.jpg

Ако сепак во одводот завршиле работи кои не требало, постои природен начин да го исчистите одводот, и тоа со помош на средство кое лесно можете да си го направите дома.

Со ова средство можете да го чистите одводот и во кујната, и во тоалетот, а бидејќи е сосема природно, слободно користете го еднаш неделно.

Потребни состојки:

  • ¼ шолја сода бикарбона
  • ¼ шолја сол
  • ¼ шолја прашок за печиво
  • 2 шолји зовриена вода

Подготовка:

Ставете ракавици и со кујнска крпа добро исчистете го делот околу одводот во мијалникот.

Во сад измешајте сода бикарбона, сол и прашок за печиво. Комбинацијата од сода бикарбона и сол делува против тврдокорните наслаги во одводот, додека прашокот за печиво го чисти железото.

Половина од смесата истурете во одводот. Потоа, истурете ја зовриената вода и оставете сето ова да делува околу 1 час.

На крај, исплакнете со ладна вода. Во смесата можете да додадете и малку вински оцет. 

prirodno-sredstvo-za-chistenje-na-odvodot-koe-mozhete-da-go-napravite-sami-02.jpg

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

7 работи во домот кои никако не треба да ги чистите со оцет Покрај лакираното дрво, немојте да комбинирате оцет и средство за избелување во ...
Шест трикови за брзо и ефикасно чистење од хотелски хигиеничари Пред да почнете со метење и бришење прашина, прво средете го нередот, како валка...
Вирални трикови за чистење што навистина функционираат (со продукти што ги имате дома) За да го отстраните бигорот од главата на тушот, ќе ви треба само оцет, а за да ...
9 домаќински трикови од нашите баби што ќе ви се најдат и денес Наместо да правите една генералка и да чистите сè одеднаш, направете неколку пом...
Грешки во чистењето на кујната поради кои храната има чуден вкус Не ја чистите рерната веднаш откако ќе се истури нешто во неа и ставате многу де...
Предмети во домот кои никогаш не треба да ги чистите со вода Ако не сте сигурни дали накитот е од чисто сребро или злато, не ризикувајте и не...

Најчитани неделава