Најлесниот начин да ја исчистите вашата машина за садови

Чистење на машината за садови? Ајде наредниот викенд, овој викенд приоритет има бришењето прозорци, наредниот нешто друго е на врвот на листата и така постојано.

najlesniot-nachin-da-ja-ischistite-mashinata-za-sadovi-01.jpg

Кога ќе ви дојдат на гости семејството на партнерот, па вашето семејство, па другарите од средно и колешките од работа, ситуацијата станува забавна, но забавен е и хаосот потоа. За среќа, сè почесто машината за садови во семејните домови е најдобриот пријател во кујната.

Колку и да е корисна и да ја обожавате, нејзиното чистење како секогаш да го ставате на дното од листата со обврски. Но, ние ќе ви откриеме еден трик, кој ќе го направи извршувањето на оваа задача „побезболно“.

Сега, одржувањето на чистотата на машината за садови ќе ви стане најлесната обврска во целиот дом. Единствено што ви е потребно за овој процес е алкохолен оцет.

Иако машината за садови ви изгледа дека се одржува сама со сите тие средства за миење на садови, жешка вода и дезинфекција додека се користи, не е баш така. Потребно е добро измивање на внатрешните ѕидови и делови за таа да работи со својот полн капацитет.

najlesniot-nachin-da-ja-ischistite-mashinata-za-sadovi-02.jpeg

За совршено функционирање на вашата машина за садови потребно е да го направите само ова:

Добро отстранувајте ги остатоците од храна, пред да ги ставате садовите во машината.

Секогаш кога ќе ја испразните од чистите садови, проверете да не останал некој голем остаток од храна во неа за да не скапува внатре.

Kлучно е долната решетка да биде чиста. Попрскајте ја со алкохолен оцет внатрешноста на машината помеѓу две миења.

На неколку седмици можете и да ја пуштите машината да работи со оцет за екстра стерилизација. Оцетот во комбинација со топлата вода и некое средство ќе ги разгради честичките од храна, маснотиите од ѕидовите и полиците од машината, како и цевката за одвод.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 грешки низ домот кои може да ве чинат многу пари Дали ги тегнете каблите кога ги вадите од штекер? А кога последен пат сте го исч...
Грешки во чистењето на кујната поради кои храната има чуден вкус Не ја чистите рерната веднаш откако ќе се истури нешто во неа и ставате многу де...
Вирални трикови за чистење што навистина функционираат (со продукти што ги имате дома) За да го отстраните бигорот од главата на тушот, ќе ви треба само оцет, а за да ...
Шест трикови за брзо и ефикасно чистење од хотелски хигиеничари Пред да почнете со метење и бришење прашина, прво средете го нередот, како валка...
Чести грешки со кои ги уништувате кујнските ножеви (и си го отежнувате готвењето) Отворате кутии пратки со ножевите за храна, ги чувате на купче во фиока и забора...
7 работи во домот кои никако не треба да ги чистите со оцет Покрај лакираното дрво, немојте да комбинирате оцет и средство за избелување во ...

Најчитани неделава