5 работи кои гостите веднаш ги забележуваат во валкан дом

„Гостите не доаѓаат да ми ја видат куќата, туку мене“. Иако често пати сме биле сведоци на оваа изјава и неретко и самите сме ја кажале, сепак навистина не е така.

Kako-da-napravite-domot-da-zableska-01.jpg

Секој сака домот да му биде уреден и чист, а и гостите ќе се чувствуваат попријатно.

Во совршен свет би имале бесконечно многу време и би му се посветиле на домот до перфекција. Сепак, обврските си го прават своето, па неретко сме во хаос, а кога имаме најавени гости, притисокот да се среди домот станува уште поголем.

Што прво забележуваат луѓето кога влегуваат во вашиот дом и како да го средите нередот брзо и ефикасно?

Ходникот и влезот

Ходникот или претсобјето го доловува првиот впечаток за вашиот дом, бидејќи нормално, прво се стапнува токму таму.

Што да направите?

  • Тргнете ги сите натрупани чевли кои одаваат слика на хаотичен неред.
  • Истресете и поминете го со правосмукалка чергичето пред влезната врата.
  • Изџогирајте го ходникот доколку имате плочки или соберете ја правта со правосмукалка.
  • Направете простор каде што гостите слободно ќе може да си ги оставаат нивните чевли и јакни, без да се мешаат со вашите домашни.
  • Ставете некоја украсна билка или зеленило во ходникот кои ќе го освежат просторот на влезот.

Непријатниот мирис

Вие можеби сте навикнати на мирисот кој го има вашиот дом, но посетителите веднаш го детектираат – дали е добар или лош. Мирислива свеќа, есенцијални масла или нежен освежувач за воздух се секогаш добра идеја и ќе создадат пријатна атмосфера која е привлечна за сечие сетило за мирис.

Што да направите?

  • Прво отворете ги прозорците и дозволете да влезе чист воздух и добро да се проветри просторот.
  • Запалете мирислива свеќа.
  • Загрејте поголема количина на вода во тенџере и капнете 3-5 капки цитрусно есенцијално масло. Просторот ќе се освежи во рок од неколку минути.

Нередот во домот

Нереално е да очекувате дека ќе се ослободите од сите можни ситници во домот, со цел да создадете широк и чист простор. Но потребно е да средувате одвреме-навреме и да ги враќате редовно работите на своите места.

Што да направите?

  • Секогаш собирајте ги играчките на децата во огромни кутии или кошници за таа намена.
  • Искористете една фиока која ќе ви биде исклучиво за хартии, сметки, нотеси, потсетници и пенкала.
  • Сортирајте ги алиштата кои чекаат за пеглање во кошница или пак во огромна чита ќеса во плакарот.
  • Внимавајте кујната и трпезариската маса да ви се секогаш чисти и избришани, не само од визуелно естетски, туку од хигиенски причини, бидејќи за нив се лепат најмногу бактерии.

Нечистата бања

Доколку имате време темелно да исчистите само една просторија во домот, тоа дефинитивно нека биде бањата. Нечистата бања е дефинитивно грешка која никој не ја простува, ниту гостите, ниту пак домашните.

Што да направите?

  • Задолжително измијте го лавабото, огледалото и истурете течност за одзатнување сифони.
  • Исчистете ја тоалетната шолја.
  • Наредете доволно тоалетна хартија во случај да се потроши ролната.
  • Ставете убав сапун за миење раце, а може да запалите и некоја мирислива свеќа.
  • Подгответе мали гостински крпи за раце кои може да ги наредите во мала кутија или кошница.

Влакна од миленичињата

Никој не ги сака влакната од миленичиња во својата близина, особено луѓе што самите не чуваат. Доколку имате домашно милениче, имајте предвид дека треба да поминувате малку почесто со правосмукалката, детално да ги тресете теписите и прекривките, како и да го чистите мебелот, односно гарнитурата на која се седи.

Што да направите?

  • Редовно поминувајте со правосмукалка и со специјални влажни марамчиња или средства за одржување на мебелот.
  • Уредно соберете ги сите играчки од вашето милениче.
  • Исчистете го делот каде што му давате да јаде, чиниите за храна и вода треба да се секогаш чисти.
  • Сменете ѝ го песокот на мачката.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 минималистички трикови за среден дом (ќе ви заштедат и пари) Ако не сте во можност да купите поголем плакар во кој ќе ви ги собере сите чевли...
Работи што ги правите погрешно кога го чистите домот (и можат да бидат опасни) Ги чистите тавите со жичка и користите чистач на пареа за тепихот – со овие греш...
6 совети со кои облеката ќе ви остане снежно бела како на првото носење Дали белата облека ви потемнува брзо откако ќе ја купите и веќе ја нема истата с...
Предмети кои сите ги имаме дома, а се „дувло“ за инсекти Старите книги, ЛЕД сијалиците, картонските кутии и дрвените полици се рај за жив...
10 корисни кујнски трикови што треба да ги знаат сите домаќини и домаќинки Како да омекнете кристализиран мед, како магдоносот да ви трае подолго и како да...
10 работи кои треба да ги избегнувате при уредување на домот (за дизајнерите се одраз на лош вкус) Пластични цвеќиња, килими со животински принт, преголем број украсни перничиња -...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg