7 трикови како совршено да ја организирате кујната

Од организирање на зачините до комплетно користење на капацитетот на шкафчињата, овие трикови ќе ви го олеснат функционирањето.

7-trikovi-kako-sovrsheno-da-ja-organizirate-kujnata-01.jpg

Малите промени во вашата кујна ќе ви донесат големи резултати. Токму ситниците што ги запоставувате ќе ви го олеснат животот.

Како да направите вашата кујна да функционира беспрекорно:

Организирајте ги зачините

Зачините ставете ги во мали обележани теглички во фиока. Само со еден поглед на лепенката одгоре ќе знаете што ви е потребно.

7-trikovi-kako-sovrsheno-da-ja-organizirate-kujnata-03.jpeg

Спакувајте ги убаво остатоците од храната

На кутијата со остатоци можете дури и да запишете од кога се за другите членови од семејството да не помислат дека се стари и да ги фрлат во корпата за отпадоци. Најдобро е да користите стаклени садови.

7-trikovi-kako-sovrsheno-da-ja-organizirate-kujnata-04.jpeg

Одделете ги тавите

Наместо една врз друга, тавите, во кои печете кифлички или месо, наместете ги на место блиску до шпоретот, но со убав распоред.

7-trikovi-kako-sovrsheno-da-ja-organizirate-kujnata-05.jpeg

Организирајте ги маслото и оцетот

Плиток пластичен послужавник ќе спречи неред во вашата кујна од масните, нечисти шишиња.

7-trikovi-kako-sovrsheno-da-ja-organizirate-kujnata-06.jpeg

Закачувајте работи

За да штедите простор поставувајте закачалки на кои може да закачите штици за сечење, лажици за мерење, крпи за садови итн.

7-trikovi-kako-sovrsheno-da-ja-organizirate-kujnata-08.jpeg

Убаво складирајте ги мајонезот, сенфот и кечапот

Колку време губите барајќи ги овие продукти во фрижидерот? Наместо да се мачите со потрага по полиците, ставете ги во пластична кутија и секогаш ќе знаете каде се.

7-trikovi-kako-sovrsheno-da-ja-organizirate-kujnata-09.jpeg

Користете го полниот капацитет на шкафчињата

Ставете дополнителна метална полица во шкафчињата и така ќе ја користите целата нивна висина.

7-trikovi-kako-sovrsheno-da-ja-organizirate-kujnata-10.jpeg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Домаќински трикови со кои луѓето си го олеснуваат животот (а ќе ви послужат и вам) „Секогаш купувам повеќе од што ми е потребно, односно сакам да имам шише зејтин ...
7 трикови со боја на ѕидовите за визуелно да ја смените големината на собата Знаете ли како да ја „зголемите“ собата со помош на боја? Или како да ја издолжи...
8 трикови со кои кујната нема да биде во хаос откако ќе завршите со готвење Однапред извадете ги сите состојки и сите садови што ќе ги користите, а штом ќе ...
Крзнени парчиња, синтетички јакни - Како да ја перете зимската облека без да ја оштетите? Волнениот капут перете го со бебешки шампон, крзнените парчиња однесете ги на хе...
8 детали во уредувањето на домот што непотребно ви го отежнуваат чистењето Ако ставите црна чешма, на неа постојано ќе има дамки од бигор доколку не ја чис...
8 трикови што ќе ви се најдат низ домот (и ќе ви го олеснат животот) Исчистете ги влакната од миленикот со влажна дланка и исправете ги патиките со п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg