Како правилно да ги перете и сушите фармерките за да не им го скратувате „векот“?

Од нивното создавање, па во наредните 100 години и повеќе, фармерките се носеле како работничка облека.

kako-pravilno-da-gi-perete-i-sushite-farmerkite-za-da-ne-im-go-skratuvate-vekot-01.jpg

Но од ’60-ите години, фармерките влегоа во светот на модата и станаа едно од најпопуларните парчиња облека.

Не постои човек што нема барем неколку пара омилени фармерки во гардероберот и кои сака да ги зачува што подолго бидејќи ги смета за идеални.

Сепак, иако можеби несвесно, при перењето многумина прават грешки кои ги уништуваат и им го намалуваат животниот век.

kako-pravilno-da-gi-perete-i-sushite-farmerkite-za-da-ne-im-go-skratuvate-vekot-04.jpg

Па, погледнете како да ја задржите идеалната боја и да ги одржувате фармерките како нови:

Рачно перење

Рачното перење понекогаш е препорачливо за фармерките, бидејќи често може да ги исчисти подобро.

Неколку совети:

  • Не ги перете во мијалникот, туку во када – тоа ќе ви овозможи поубаво да ги растегнете цели фармерки и убаво да се натопат и исперат.
  • Ставете ги прво да се киснат (не повеќе од 1 час) – ставете 1 шолја оцет и 2 лажици сол во мала шолја со вода, измешајте ги состојките и потоа истурете ги во водата со фармерките.
  • Не ги перете со премногу топла вода (не повеќе од 40˚С), може да биде и поладна.
  • Детергентите го уништуваат сјајот на металните делови и полошо го чистат материјалот. Користете течен сапун или шампон.
  • Со мека четка, поминувајте низ материјалот на фармерките, а обрнете посебно внимание на валканите делови – прво поминете од внатрешната страна, па од надворешната.

kako-pravilno-da-gi-perete-i-sushite-farmerkite-za-da-ne-im-go-skratuvate-vekot-02.jpg

Перење во машина

Експертите велат дека ова не е многу препорачливо, но реално, ретко кој има време за рачно перење, па сосема е очекувано понекогаш да се перат и во машина.

Неколку совети:

  • Превртете ги фармерките од внатрешната страна, закопчајте ги сите патенти и извадете сè од џебовите
  • Температурата на водата не треба да е повеќе од 40˚С, а вртежите да не бидат повеќе од 600. Ако машината има посебна програма за џинс, искористете ја.
  • Користете исклучиво течен детергент, а може да додадете и пола чаша оцет или специјално средство за задржување на бојата.
  • Фармерките перете ги со други темни парчиња облека (црна, сива, тегет) – и тоа помага да се задржи бојата на сите парчиња.

kako-pravilno-da-gi-perete-i-sushite-farmerkite-za-da-ne-im-go-skratuvate-vekot-03.jpg

Сушење

Не е важно само да ги исперете правилно фармерките, исто толку важно е и соодветно да ги исушите.

Неколку совети:

  • Тексасот не бара силна светлина и високи температури, затоа заборавете на електричното сушење и оставање на тераса кога сонцето е најсилно. Дозволете да се исушат природно, подалеку од директна светлина, независно колку време ќе биде потребно.
  • Не ги стискајте и вртете премногу фармерките за да ги исцедите, доволно е малку да ги протресете и да поминете со рацете низ нив.
  • За побрзо сушење може прво да постелите крпа, а одозгора да ги ставите фармерките, па да ги ролате во крпата и нежно да притиснете за да се исцеди вишокот вода.
  • Добро истегнете го и исправете материјалот пред да го ставите да се суши, за да ја задржи својата форма.

kako-pravilno-da-gi-perete-i-sushite-farmerkite-za-da-ne-im-go-skratuvate-vekot-003.jpg

Уште неколку совети за да се задржи бојата на фармерките

  • Колку пократко трае перењето во машина, толку подолго бојата ќе се задржи. Затоа, ако има мала дамка на нив, не мора веднаш да ги ставате во машина – обидете се рачно да ја извадите.
  • Ако фармерките немаат никакви дамки, само сакате да ги освежите, а неодамна сте ги переле во машина, може да ги ставите во кеса за замрзнување и да оставите да отстојат во замрзнувач – тоа ќе помогне за отстранување на мириси.
  • Кога бирате детергенти, бирајте ги оние за темна облека за да се задржи бојата.
  • Ако правилно сте ги сушеле фармерките, нема потреба од пеглање. Но, ако имаат згужвувања, напрскајте ги со чиста вода, здиплете ги на пола, измазнете го за рака материјалот и внимателно сролајте ги нагоре.
  • Некои луѓе што многу си ги сакаат фармерките дури и ги перат фармерките на себе – ги облекуваат, седнуваат во када со топла вода, го четкаат материјалот, а потоа ги ставаат на сушење.

kako-pravilno-da-gi-perete-i-sushite-farmerkite-za-da-ne-im-go-skratuvate-vekot-06.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 грешки низ домот кои може да ве чинат многу пари Дали ги тегнете каблите кога ги вадите од штекер? А кога последен пат сте го исч...
Чести грешки со кои ги уништувате кујнските ножеви (и си го отежнувате готвењето) Отворате кутии пратки со ножевите за храна, ги чувате на купче во фиока и забора...
7 чести грешки што сигурно ги правите со рерната (и ризикувате да ја расипете) Не ја чистите редовно, користите вентилатор за секоја храна и ставате хартија за...
Грешки во чистењето на кујната поради кои храната има чуден вкус Не ја чистите рерната веднаш откако ќе се истури нешто во неа и ставате многу де...
Грешки во пролетното чистење на домот кои се само губење време Ако ја исчистите надворешноста на прозорците во рана пролет, трудот ќе ви биде з...
Ја миете во машина и уште седум грешки што ја уништуваат нелепливата тава Никако немојте да користите метални лажици и слично кога готвите во нелеплива та...

Најчитани неделава