Најчести грешки кои се прават при перење на постелнината

Перењето на постелнината треба да биде одвоено од долната облека, а уште повеќе од крпите и бањарките.

najchesti-greshki-koi-se-pravat-pri-perenje-na-postelninata-01.jpg

Ставањето на облеката и постелнината во машината за перење е здодевен рутински процес на кој не му обрнуваме внимание колку што би требало.

Но, затоа никогаш не е доцна да научите кои се најчестите грешки и како да ги избегнувате:

Ја перете постелнината заедно со фротирните крпи

На крпите кои ги користиме за лице, раце и за туширање се собираат остатоци од козметика и нечистотија, кои поради различната текстура, лесно ќе се залепат на чаршафите и навлаките за перници.

Затоа, најдобро е постелнината да се пере одвоено од другата облека и крпите.

najchesti-greshki-koi-se-pravat-pri-perenje-na-postelninata-02.jpg

Ја оставате предолго во машината за перење

Колку подолго останува во машината за перење, на постелнината се создаваат набори кои тешко ќе ги израмните. Ставајте ја во машината непосредно пред да ја вклучите и вадете ја веднаш, за да не биде изгужвана.

Користите пресилен детергент

За постелнината е доволно да користите нежен детергент и да не претерувате со количината. Во спротивно, на нејзе може да останат траги од прашокот или течниот детергент кои не се исплакнале добро.

najchesti-greshki-koi-se-pravat-pri-perenje-na-postelninata-03.jpg

Перете на превисока температура

Перењето и сушењето на многу високи температури може да ја растегне, изобличи, а веројатно и оштети постелнината. Веќе одамна се покажа дека е доволно да се пере и на 40 до 60 степени, така што нема потреба да ја перете на 90 степени.

Не ги перете доволно често прекривките

Иако чаршафите ги перете редовно, потребно е тоа да го правите и со ќебињата, јорганите и сличните прекривачи. Користете чаршаф-навлака за ќебињата, за да можете да го одржувате својот кревет што почист.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 грешки низ домот кои може да ве чинат многу пари Дали ги тегнете каблите кога ги вадите од штекер? А кога последен пат сте го исч...
9 домаќински трикови од нашите баби што ќе ви се најдат и денес Наместо да правите една генералка и да чистите сè одеднаш, направете неколку пом...
Чести грешки со кои ги уништувате кујнските ножеви (и си го отежнувате готвењето) Отворате кутии пратки со ножевите за храна, ги чувате на купче во фиока и забора...
7 работи во домот кои никако не треба да ги чистите со оцет Покрај лакираното дрво, немојте да комбинирате оцет и средство за избелување во ...
Грешки во чистењето на кујната поради кои храната има чуден вкус Не ја чистите рерната веднаш откако ќе се истури нешто во неа и ставате многу де...
5 работи што секогаш мора да ги перете со жешка вода Белите крпи, заедно со постелнината, се работи што секогаш треба да се перат со ...

Најчитани неделава