5 фатални грешки кои повеќето ги прават при перењето патики
Перењето на патиките во машина некогаш е идеално, бидејќи ги чисти совршено, без вие да се мачите.

Сепак, треба да внимавате и да не очекувате дека сите чевли се перат во машина, бидејќи напротив, некои може да излезат уништени.
Во продолжение погледнете листа на најчестите грешки кои се прават при перењето чевли:
Не обрнувате внимание на типот на патики
Има типови на патики кои во никој случај не треба да се перат во машина:
- Кожени – може да се деформираат
- Антилоп – да се излижат
- Со декоративни додатоци – да паднат елементите или да ја оштетат машината
- Со светла – да престанат да работат
- Малку скинати – по перењето ќе бидат целосно скинати

Ги ставате целосно во машина
Пред перење, треба да ги подготвите патиките, односно:
- Тргнете ги врвците бидејќи нема да се исперат, подобро е да ги ставите посебно во специјална торбичка
- Тргнете ги влошките ако постои можност

Заборавате дека може да ја уништите машината
Мислите само на чистењето на патиките, а заборавате на функцијата на машината и нејзиниот век на траење, па затоа:
- Не перете повеќе од 2 пара во исто време
- Не ги ставајте на програма со помоќни вртежи
- Ставајте ги во специјална вреќичка
- Отстранете ја видливата нечистотија, кал, песок и други објекти залепени или закачени на чевлите

Користите детергент во прав наместо течен

Погрешно сушење
- Се сушат на собна температура без електрични уреди
- Се полнат со хартија за побрзо да се апсорбира влагата и да не се деформираат

М. М. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Чести грешки со кои ги уништувате кујнските ножеви (и си го отежнувате готвењето)
Отворате кутии пратки со ножевите за храна, ги чувате на купче во фиока и забора...
8 грешки низ домот кои може да ве чинат многу пари
Дали ги тегнете каблите кога ги вадите од штекер? А кога последен пат сте го исч...
Грешки во чистењето на кујната поради кои храната има чуден вкус
Не ја чистите рерната веднаш откако ќе се истури нешто во неа и ставате многу де...
Ја миете во машина и уште седум грешки што ја уништуваат нелепливата тава
Никако немојте да користите метални лажици и слично кога готвите во нелеплива та...
7 чести грешки што сигурно ги правите со рерната (и ризикувате да ја расипете)
Не ја чистите редовно, користите вентилатор за секоја храна и ставате хартија за...
11 работи што никако не треба да ги чувате до шпоретот
Звучи логично да ги чувате зачините до шпоретот за да ви бидат при рака кога гот...