4 предмети што не смеете да ги чистите со сода бикарбона

Иако сода бикарбоната е едно од најекономичните и најбезопасните абразивни средства за чистење, постојат и случаи кога воопшто не е препорачливо да ја користите.

chetiri-predmeti-shto-ne-smeete-da-gi-chistite-so-soda-bikarbona-01.jpg

Многу често ќе видите препораки за користење на содата во комбинација со алкохолен оцет или со парче лимон, но имајте на ум дека се создава бурна хемиска реакција.

Ваквиот начин на чистење е одличен за бигор и масни дамки, но некогаш е подобро да се држите до комерцијалните детергенти и наменски средства за чистење.

Сепак, следниве предмети не ги чистете со сода бикарбона:

Алуминиумски садови за готвење

Многу метални површини може да бидат ефикасно исчистени со сода бикарбона, но не и алуминиумските. Содата делува премногу абразивно врз алуминиумот и може да предизвика оксидација и потемнување на површината.

Старо сребро

Содата го чисти потемнетото чисто сребро. Но, доколку за некое сребрено парче не сте сигурни дека е чисто, немојте да го триете со сода. Особено немојте да ја користите за предмети кои се украсени со други метали и скапоцени камења. За професионално чистење на накит, носете го кај вашиот златар.

chetiri-predmeti-shto-ne-smeete-da-gi-chistite-so-soda-bikarbona-02.jpg

Садови со златна гравура

Речиси во секој дом постојат сервиси со садови за јадење кои имаат златни детали исцртани на нив. За овие садови грижете се само со обично средство за миење садови, со топла вода и со мазната страна на сунѓерчето за миење.

Мермерни површини

Мермерот е многу практичен, особено за површини во кујната. Иако содата нема многу да му наштети, по подолго користење може да се случи да се изгребе и да не изгледа убаво.

chetiri-predmeti-shto-ne-smeete-da-gi-chistite-so-soda-bikarbona-03.jpg

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Грешки во чистењето на кујната поради кои храната има чуден вкус Не ја чистите рерната веднаш откако ќе се истури нешто во неа и ставате многу де...
Шест трикови за брзо и ефикасно чистење од хотелски хигиеничари Пред да почнете со метење и бришење прашина, прво средете го нередот, како валка...
Вирални трикови за чистење што навистина функционираат (со продукти што ги имате дома) За да го отстраните бигорот од главата на тушот, ќе ви треба само оцет, а за да ...
8 грешки низ домот кои може да ве чинат многу пари Дали ги тегнете каблите кога ги вадите од штекер? А кога последен пат сте го исч...
Чести грешки со кои ги уништувате кујнските ножеви (и си го отежнувате готвењето) Отворате кутии пратки со ножевите за храна, ги чувате на купче во фиока и забора...
7 работи во домот кои никако не треба да ги чистите со оцет Покрај лакираното дрво, немојте да комбинирате оцет и средство за избелување во ...

Најчитани неделава