Дали кутиите за леб се навистина добри за да го зачувате лебот свеж?

Речиси и да нема домаќинство во кое нема една од оние познатите кутии за леб, во која се чуваат векните и која треба да ја зачува неговата свежина.

dali-kutiite-za-leb-se-navistina-dobri-za-da-go-zachuvate-lebot-svezh-01.jpg

Во текот на годините се објавија многу теории околу тоа дали овие кутии се навистина практични. Според едни, во нив се собираат микроорганизми кои може да се пренесат врз лебот, односно се нехигиенски. Според други, лебот побрзо мувлосува поради намалената циркулација на воздух.

Но, најновите сознанија, како што наведува сајтот „Southern Living“, се дека старата и добра кутија за леб навистина ќе го зачува подолго време свеж. Дали претпоставувате која е најлошата опција? Изненадувачки, но лебот најбрзо се расипува и мувлосува во хартиените ќеси во кои често се продава. Во нив и најбрзо се стврднува и по третиот ден, тешко може да се сече парче од него.

Пластичната амбалажа ја прави кората на лебот влажна и речиси гумена. Иако во овој случај тој трае и до 5 денови, премногу е мек и влажен, а губи и добар дел од карактеристичниот вкус.

Па, што чекате? Издезинфицирајте ја старата кутија за леб од кујната и обложете ја со хартија, а потоа таму чувајте го лебот.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Не земајте риба со силен мирис и уште 8 совети како да изберете свежи намирници Како да изберете банани што немаат „брашнест“ вкус, да најдете лимони полни со с...
Предмети кои сите ги имаме дома, а се „дувло“ за инсекти Старите книги, ЛЕД сијалиците, картонските кутии и дрвените полици се рај за жив...
Корисни трикови со кои ќе го средите хаосот и во најмалата кујна Ротирачка полица за зачините, посебна кутија за вреќички чај и закачени лажици з...
8 трикови што ќе ви помогнат да се ослободите од лебарките во домот без штетни хемикалии Направете стапица со кафе или испрскајте го домот со мешавина од оцет и масло од...
Молци во домот - Како да ги уништите и да спречите да се појават повторно? Знаци дека имате молци во домот се дупките на вашите теписи, палтата, облеката. ...
12 едноставни трикови како да го освежите домот, пред да ви дојдат гости Пребришете ги масите и работните површини: Особено обрнете внимание на масичката...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg