Одговор од експерт: Колку често треба да го перете градникот?

Сите знаеме дека долната облека е една од најнежните парчиња облека на која треба да ѝ обрнеме дополнително внимание кога станува збор за одржувањето. 

Kolku-cesto-treba-da-go-perete-gradnikot-01.jpg

За разлика од другите парчиња облека кои најчесто содржат мини упатства за одржување на етикетите, постои една „сива зона“ кога станува збор за перењето и одржувањето на градниците.

Дали треба да ги ставиме во машината заедно со другата облека во слична боја, дали треба да ги переме посебно само со долната облека или пак потребно е да ги переме рачно?

Дебора Рамос, жената која 19 години е дел од престижната компанија за долна облека Ла Перла, неодамна го сподели своето стручно мислење на оваа тема и работите се прилично едноставни:

Создадете рутина

„Вообичаено, чистите градниците може да се носат два пати пред да ги исперете. Со оглед на фактот што постојано се залепени за нашата кожа, потребно е да бидат исклучително чисти. Советувам секоја жена да има 3-4 удобни градници кои ќе ги носи редовно и ќе бидат испрани, што значи дека никогаш нема да ви недостасува чист градник“.

Рачно перење

„Поголемиот дел од градниците се исклучително деликатни, па токму поради тоа препорачувам рачно перење на истите. Јас дури ги перам и спортските градници на рака. На тој начин, значително ќе им го продолжите векот на траење“.

Имајте ја температурата предвид

„Преладната вода нема правилно да го испере градникот, а претоплата може да ја оштети ткаенината, но и вашите раце. Млаката вода е најидеалното решение кога ги перете градниците“.

Доколку сепак ги перете градниците во машина…

„Разбирам дека рачното перење честопати ви се чини како уште една досадна и непотребна работа, па доколку се решите да ги перете во машината, препорачувам градникот секогаш да биде закопчан, со цел да го спречите оштетувањето на материјалот. Уште подобар совет е градниците да ги ставите во посебна вреќичка, за да бидете уште посигурни дека нема да ви се оштетат“. 

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 совети со кои облеката ќе ви остане снежно бела како на првото носење Дали белата облека ви потемнува брзо откако ќе ја купите и веќе ја нема истата с...
9 лесни трикови со кои ќе ја подобрите грижата за облеката Пеглата ви е валкана и остава дамки на облеката, немате доволно простор на сушар...
Застарени парчиња мебел од кои (конечно) мора да се ослободите Пред да ја фрлите омилената фотелја, сетете се дека после години и години седење...
Србинка сподели „јапонски“ трик за диплење на долната облека - да не зафаќа простор во фиоката „Вака да му ја здиплам долната облека на маж ми нема да знае да ја отвори“ – сто...
Како да ги отстраните дамките од кремот за сончање на облеката? Одржувањето чиста облека понекогаш може да биде предизвик, особено кога се справ...
Молци во домот - Како да ги уништите и да спречите да се појават повторно? Знаци дека имате молци во домот се дупките на вашите теписи, палтата, облеката. ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg