Директорот на Levi’s ги нема испрано фармерките 10 години - Зошто не треба да ги перете и вие?

Извршниот директор на Levi's, Чип Берг, тврди дека не треба да ги перете фармерките, а неговите фармерки немаат видено машина 10 години.

direktorot-na-levi-s-gi-nema-isprano-farmerkite-10-godini-zoshto-ne-treba-da-gi-perete-i-vie-01.jpg

Уште пред неколку години, Бергс открил дека омилениот пар фармерки го носи веќе 10 години, а уште не виделе како изгледа машина, а сега повторно во една изјава напоменал дека треба да престанете да ги перете фармерките.

Наместо да ги пере во машина, тој само ги чисти деловите кои се извалкани или ги пере на рака.

„Ги чистам фармерките на местата кои имаат дамка кога треба да се исчистат, или во најлош можен случај ги перам на рака. И го правам тоа сам. Си ги сакам фармерките и се грижам заа нив.“ – изјавил директорот на Levi’s.

direktorot-na-levi-s-gi-nema-isprano-farmerkite-10-godini-zoshto-ne-treba-da-gi-perete-i-vie-02.jpg

Она што многумина ги чуди е секако, како може да ги носи со нечистотија на нив, како и со толку насобрани бактерии кои со години се собираат на нив, а не се воопшто испрани?

Верувале или не, според извршниот директор на бренд за нетоксично чистење облека, Кели Лав, наводно тоа не е проблем ако редовно ги проветрувате на воздух и сонце.

direktorot-na-levi-s-gi-nema-isprano-farmerkite-10-godini-zoshto-ne-treba-da-gi-perete-i-vie-03.jpg

Таа вели дека обичното, секојдневно нивно носење на нормални места не може да го изложи  вашето здравје на ризик и дека не треба да се плашите од микробите.

Всушност, со тоа што ќе ги оставите надвор неколку дена на воздух и сонце додека да го изгубат непријатниот мирис, е подобро отколку да ги исперете во машина.

Ако нема доволно сончева светлина, и замрзнувач ќе заврши работа, но ќе треба да го повторите тоа неколкупати додека се ослободите од мирисот и нечистотијата.

Ако директорот на Levi’s го следи ова правило, што мислите, треба ли сите да го послушаме?

direktorot-na-levi-s-gi-nema-isprano-farmerkite-10-godini-zoshto-ne-treba-da-gi-perete-i-vie-04.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Застарени парчиња мебел од кои (конечно) мора да се ослободите Пред да ја фрлите омилената фотелја, сетете се дека после години и години седење...
6 совети со кои облеката ќе ви остане снежно бела како на првото носење Дали белата облека ви потемнува брзо откако ќе ја купите и веќе ја нема истата с...
Предмети кои сите ги имаме дома, а се „дувло“ за инсекти Старите книги, ЛЕД сијалиците, картонските кутии и дрвените полици се рај за жив...
Работи што ги правите погрешно кога го чистите домот (и можат да бидат опасни) Ги чистите тавите со жичка и користите чистач на пареа за тепихот – со овие греш...
Корисни трикови како да ги измерите состојките „од око“ (а да се точни) Ви се случило ли кога готвите да ставате состојки „од око“? Но, што ако рецептат...
9 лесни трикови со кои ќе ја подобрите грижата за облеката Пеглата ви е валкана и остава дамки на облеката, немате доволно простор на сушар...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg