Колку често и како правилно да ја миете шолјата за кафе?

Луѓето навистина уживаат во кафето, но малкумина обрнуваат внимание на нивната шолја за кафе. 

kolku-chesto-treba-da-ja-miete-sholjata-za-kafe-01 (1).jpg

Канцелариските работници најчесто ги запоставуваат шолјите, па после употреба само ги исплакнуваат и повторно ги користат наредниот ден. Или полошо, само го фрлаат старото кафе и ја дополнуваат шолјата со ново.

kolku-chesto-treba-da-ja-miete-sholjata-za-kafe-02.jpg

Иако шолјата нема да настрада од овој „третман“, сепак постојат некои работи што треба да ги земете предвид. Во речиси празната шолја за кафе можат да се создадат навистина страшни нешта.

Во вашата шолја можат да живеат секакви микроби и бактерии, особено ако го делите просторот со други луѓе. Повеќето бактерии се безопасни, но оние кои не се, можат да предизвикаат проблем.

Микробите од настинка и грип настојуваат да „патуваат“, па лесно можат да завршат на вас или на вашата шолја. Покрај тоа, микробите од вашата уста исто така завршуваат на шолјата. Колку потопла и повлажна е околината, толку е подобра за бактериите.

kolku-chesto-treba-da-ja-miete-sholjata-za-kafe-07.jpg

Всушност, листата со можности е застрашувачка. Стрептококи, стафилококи и кои било други орални бактерии, вклучувајќи и потенцијални патогени, можат да се наоѓаат на неизмиената шолја.

А доколку пак и некој друг пие од вашата шолја, на неа ќе завршат и бактериите од него.

kolku-chesto-treba-da-ja-miete-sholjata-za-kafe-03.jpg

Доктор Чарлс Герба, професор по микробиологија од Универзитетот во Аризона, објавил неколку истражувања во 1997-ма година кои нè зачудуваат и денес.

Неговиот тим ги проучувал бактериите пронајдени во шолји за кафе од канцеларии и откриле дека 41% од шолјите биле заразени со бактерии колиформи, познати и како фекални бактерии.

Најчесто овие бактерии не се штетни, но можат да бидат за луѓе со ослабен имунитет. Тимот открил дека машините за миење шолји, нешто како мала машина за садови, биле доволно за да се отстранат овие и другите бактерии.

Проблемот е што повеќето луѓе мислат дека едноставното плакнење и бришење на шолјата е доволно, но бактериите можат да се задржат на нејзината површина. Потребно е секогаш да ја миете шолјата и со средство за садови.

kolku-chesto-treba-da-ja-miete-sholjata-za-kafe-04.jpg

Правилното чистење е уште понеопходно доколку додавате млеко или шеќер во кафето. Двете супстанци содржат хранливи материи погодни за растот на бактериите.

Додека со миењето со вода ќе отстраните поголем дел од шеќерот, мастите и протеините од млекото бараат средство за садови.

Па, како да го намалите бројот на микроби и бактерии во шолјата за кафе?

1. Мијте ја шолјата со вода и средство после секоја употреба.

2. Мијте ја шолјата со чист сунѓер или хартија, бидејќи на сунѓерот со кои ги миете сите садови може да се наоѓа салмонела или Ешерихија коли.

3. Избришете ја и исушете ја шолјата со хартија.

4. Доколку шолјата има капак, не заборавајте да го исчистите и него.

Спирова С. | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

8 минималистички трикови за среден дом (ќе ви заштедат и пари) Ако не сте во можност да купите поголем плакар во кој ќе ви ги собере сите чевли...
10 детали кои го уништуваат изгледот дури и на најубавиот ентериер Несредена работна површина во кујната, прашина на собните цвеќиња... Кои се најч...
9 лесни трикови со кои ќе ја подобрите грижата за облеката Пеглата ви е валкана и остава дамки на облеката, немате доволно простор на сушар...
9 работи во домот што можете да ги оштетите ако ги чистите (или перете) многу често Можете да ја користите истата крпа и 3-4 дена ако ја закачувате на место на кое ...
Корисни трикови со кои ќе го средите хаосот и во најмалата кујна Ротирачка полица за зачините, посебна кутија за вреќички чај и закачени лажици з...
Предмети во домот кои е препорачливо да ги заменувате со нови еднаш годишно Завесата во бањата е совршено место за развој на мувла и бактерии, дури и ако ре...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg