За прелив за салата, со варено овошје - за што може да го искористите остатокот од виното?

Што да направите со малку вино што ви останало на дното на шишето, а не сакате да го допиете? Не го фрлајте, бидејќи можете да го искористите на многу начини. 

7 genijalni nacini kako da gi iskoristite ostatocite od vinoto 01

Ова се 6 начини како да ги искористите остатоците од виното. За некои можеби сте слушнале, некои можеби сте ги испробале, но сигурни сме дека некои од нив ќе ве изненадат.

1. Направете вински оцет

Во едно шише ставете го остатокот од црното вино да стои неколку недели. Не го затворајте шишето, а од време на време мешајте го виното. Без додатоци, виното ќе стане оцет по неколку недели.

2. Додаток во супи и чорби

За да додадете специјален шмек на пилешката или говедската супа, односно чорба, додадете малку бело вино. Во супа од домати додадете малку црвено вино.

Со додавање на половина чаша вино во вашата супа ќе добиете потполно нов и подобар вкус.

3. Варено овошје

Ако немате време за десерт, во црното вино, во кое треба да додадете шеќер, ставете јаболко, круша, праска или слива и сварете ги заедно. Потребно е овошјето да стои околу 10 минути во овој сок. Декорирајте го овошјето со шлаг и сервирајте.

7 genijalni nacini kako da gi iskoristite ostatocite od vinoto 02

4. Направете совршен омлет

Кога ќе подготвувате омлет, додадете каков било вид на бело вино во јајцата (една лажица за две јајца). Измешајте ги јајцата и истурете ги во жешко масло. Ќе добиете совршен омлет.

5. Замрзнете ги остатоците од виното

Замрзнете го остатокот од виното. Подоцна можете да го користите како додаток во храна.

6. Направете прелив за салата

Измешајте бело вино, сирење, маслиново масло, кромид, сенф и малку шеќер и ќе добиете совршен прелив за салата.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5 начини да ја претворите трпезаријата во пријатно катче, со малку пари Главниот фокус нека ви биде на осветлувањето и текстилот (материјалите), а потоа...
Ја миете во машина и уште седум грешки што ја уништуваат нелепливата тава Никако немојте да користите метални лажици и слично кога готвите во нелеплива та...
7 предмети во домот што можете да ги исчистите со храна Дезинфицирајте ја даската за сечење со лимон и исчистете ја скарата на жар со кр...
Најлесниот начин за фарбање шарени велигденски јајца – техника која можеби не ја знаете (видео) Со оваа техника ќе имате шарени велигденски јајца, а е најбрза и најлесна - нема...
Помалку очигледни грешки со микробранова печка кои можат да бидат и опасни Ако одмрзнувате месо, мора да бидете особено внимателни и да следите одредени че...
7 работи што лесно можете да ги исчистите со пена за бричење Ако го исчистите огледалото во бањата со пена за бричење, нема да се замаглува к...

Најчитани неделава