3 најчести грешки со кои ги уништувате костимите за капење

Овие грешки многу луѓе ги прават, кога станува збор за костими за капење, а веројатно не ни знаат. Експертот за костими за капење и сопственичката на Бикини Хаус бутикот во Торонто, Меријен Терзис, ги открива трите вообичаени грешки што луѓето ги прават кога станува збор за костими за капење. 

Dali I vie gi pravite ovie 3 greski so vasiot kostim za kapenje 01

Дали и вие ги правите овие грешки?

Ги перете во машина за алишта

Таа советува дека секогаш треба да ги перете костимите за капење рачно, или барем да ги исплакнете. Ако ништо друго, барем наполнете го садот со вода и исплакнете го костимот за капење.

Можете да го оставите да стои во вода преку ноќ и да го исцедите наутро, додека не се исуши.

Dali I vie gi pravite ovie 3 greski so vasiot kostim za kapenje 02

Го оставате на сонце долго време

Многу луѓе го оставаат костимот за капење на сонце, за да се исуши што е можно поскоро, но предолго стоење на сонце може да му наштети на материјалот. УВ зраците ги ослабуваат влакната на материјалот, а и бојата бледее.

Наместо тоа, ставете го костимот за капење на пешкир и оставите го да се исуши под сенка.

Dali I vie gi pravite ovie 3 greski so vasiot kostim za kapenje 03

Носите еден костим за капење цело лето

Ако одите на одмор неколку дена не ви е доволен само еден костим за капење. Понесете барем два. Истите не заземаат многу простор во вашата торба.

На овој начин ќе имате време да го исперете костимот за капење после секое носење и нема да морате да чекате истиот да се исуши, бидејќи имате друг.

Покрај тоа, таа ве советува да носите различни модели на костими за капење, односно различни отвори, за да ги минимизирате белите линии на телото.

Dali I vie gi pravite ovie 3 greski so vasiot kostim za kapenje 04

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Предмети кои сите ги имаме дома, а се „дувло“ за инсекти Старите книги, ЛЕД сијалиците, картонските кутии и дрвените полици се рај за жив...
Работи што ги правите погрешно кога го чистите домот (и можат да бидат опасни) Ги чистите тавите со жичка и користите чистач на пареа за тепихот – со овие греш...
10 ситници во бањата кои прават да изгледа валкано и неуредно Ако ставите крпи со иста боја, ги средите каблите од пеглата за коса и сличните ...
Корисни трикови како да ги измерите состојките „од око“ (а да се точни) Ви се случило ли кога готвите да ставате состојки „од око“? Но, што ако рецептат...
Знаци дека имате мувла во домот + како да се ослободите од неа Поставете сензори за температура и влажност во вашиот дом, па користете ги да го...
Молци во домот - Како да ги уништите и да спречите да се појават повторно? Знаци дека имате молци во домот се дупките на вашите теписи, палтата, облеката. ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg