15 едноставни трикови што сигурно ќе ви се најдат

Отстранете ги деланките со вода и сода бикарбона

Повеќе нема потреба да трпите болка за да ја отстраните деланката од вашата рака. Доволно е да нанесете паста направена од вода и сода бикарбона. Оваа паста ќе направи деланката да излезе, по што ќе можете да ја отстраните.

15-ednostavni-trikovi-shto-sigurno-kje-vi-se-najdat-09.jpg

Приврзок од клуч за патент

Доколку патентот на вашите панталони постојано се откопчува, можете да го прицврстите со приврзок од клуч. Ставете го приврзокот на патентот, а потоа закачувајте го на панталоните.

15-ednostavni-trikovi-shto-sigurno-kje-vi-se-najdat-10.jpg

Како да проверите дали батеријата е полна?

Доколку имате батерии за кои не сте сигурни дали се полни или не, доволно е да ги пуштите да паднат на масата. Празните батерии ќе отскокнат повеќе од полните.

15-ednostavni-trikovi-shto-sigurno-kje-vi-se-najdat-11.jpg

Ѓубралник како инка

Доколку треба да наполните кофа или некој поголем сад што не го собира во мијалникот, можете да искористите ѓубралник како на фотографијата.

15-ednostavni-trikovi-shto-sigurno-kje-vi-se-najdat-12.jpg

Влажна хартија за брзо ладење на пијалаци

Пијалаците што се во стаклено шише можете да ги разладите со помош на влажна хартија. Околу шишето ставете влажна хартија, а потоа ставете го во замрзнувач. Ова значително ќе го забрза процесот на ладење.

15-ednostavni-trikovi-shto-sigurno-kje-vi-se-najdat-13.jpg

„Бричење“ на џемперите со жилет

Можеби ви звучи чудно, но жилетот ќе ви помогне да се ослободите од топчињата што се прават на вашите џемпери.

15-ednostavni-trikovi-shto-sigurno-kje-vi-se-najdat-14.jpg

Црн чај за изгореници

Летото е навистина прекрасно, но никој не е имун на изгорениците од сонце. Доколку сте изгореле, на изгореното место нанесете разладени вреќички црн чај.

15-ednostavni-trikovi-shto-sigurno-kje-vi-se-najdat-15.jpg

Паметно користење на просторот во микробранова

Ова е навистина едноставен, но паметен трик. Доколку ви треба повеќе простор во микробрановата печка, можете едната чинија да ја поставите на шолја.

15-ednostavni-trikovi-shto-sigurno-kje-vi-se-najdat-16.jpg

 

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Предмети во домот кои никогаш не треба да ги чистите со вода Ако не сте сигурни дали накитот е од чисто сребро или злато, не ризикувајте и не...
8 грешки низ домот кои може да ве чинат многу пари Дали ги тегнете каблите кога ги вадите од штекер? А кога последен пат сте го исч...
8 работи кои треба да ги фрлите веднаш од дома, без жалење Дали наместо да го фрлите искористениот пластичен прибор, си го чувате „за да ви...
9 домаќински трикови од нашите баби што ќе ви се најдат и денес Наместо да правите една генералка и да чистите сè одеднаш, направете неколку пом...
5 работи што секогаш мора да ги перете со жешка вода Белите крпи, заедно со постелнината, се работи што секогаш треба да се перат со ...
7 трикови како (конечно) да го средите хаосот во кујната Шишенцата зачини наредете ги во тава за лесно да можете да ги вадите и враќате в...

Најчитани неделава