Причини за непријатен мирис во домот и како да се ослободите од него

Поради готвењето, остатоците од храна и валканата облека, одвреме-навреме е нормално во домот да почувствувате непријатен мирис.

prichini-za-neprijaten-miris-vo-domot-i-kako-da-se-oslobodite-od-nego-01.JPG

Но што кога не знаете од каде потекнува?

Постојат многу причини, покрај погоре наведените, за непријатна миризба во домот.

Па, на вас останува да ја откриете, а во продолжение дознајте и како да се ослободите од неа:

Скриена мувла

Доколку чувствувате мирис на влага во домот, можно е да станува збор за мувла. Проблемот е што покрај мирисот, мувлата може да биде и штетна за здравјето, па најдобро е да ја отстраните што е можно побрзо.

Најчесто мувлата се појавува поради проблеми со водоводот и канализацијата, но и поради лошата вентилација во домот.

Што да правите?

Ако станува збор за мала површина прекриена со мувла, можете да ја исчистите сами, со средство за садови и вода. Уште подобро е ако најдете средство против мувла или употребите оцет. Во овој случај, само нанесете го средството или оцетот директно на мувлата и исчистете со крпа.

Ако станува збор за поголема површина, во овој случај мувлата може да биде и токсична. Тогаш најдобро е да повикате професионалец.

Сепак, превенцијата е најдоброто решение. Затоа, обидете се да ја контролирате влагата во вашиот дом.

prichini-za-neprijaten-miris-vo-domot-i-kako-da-se-oslobodite-od-nego-02.JPG

Електрични проблеми

Ако чувствувате непријатен мирис, како изгорена пластика, па дури и риба, можеби имате проблем со електричната инсталација.

Наводно, кога жиците и пластичните делови се топат, емитуваат непријатен мирис, сличен на риба.

Што да правите?

Дури и ако сами го откриете проблемот, немојте сами да го решавате. Кога станува збор за електричната инсталација, секогаш викајте професионалец. Откако тој ќе го среди проблемот, непријатниот мирис ќе исчезне.

prichini-za-neprijaten-miris-vo-domot-i-kako-da-se-oslobodite-od-nego-03.JPG

Теписи

Ако целиот под ви е прекриен со тепих кој ретко го перете, а притоа чувствувате непријатна миризба, можно е да потекува токму од тепихот.

Што да правите?

Доколку не можете да го однесете тепихот на перење, можете да ги исчистите со сода бикарбона. Нанесете сода бикарбона низ целиот тепих, а потоа само соберете го со правосмукалка.

Доколку сте во можност, најлесното решение е да го однесете тепихот на професионално чистење.

prichini-za-neprijaten-miris-vo-domot-i-kako-da-se-oslobodite-od-nego-04.JPG

Машина за садови

Ако долго не сте ја исчистиле машината за садови, и таа може да биде причина за непријатен мирис во домот.

Исто како пералните, и овие машини треба да се чистат одвреме-навреме.

Што да правите?

Вклучете ја машината само со шолја оцет. Наместо оцет можете да ставите малку сода бикарбона на дното. Ова би требало да го отстрани мирисот.

Доколку сакате темелно да ја исчистите машината, тогаш извадете го филтерот. Овде се собира храна која може да предизвика лош мирис.

prichini-za-neprijaten-miris-vo-domot-i-kako-da-se-oslobodite-od-nego-05.JPG

Ѕидови

Можеби звучи чудно, но ако се премногу валкани, и ѕидовите можат да предизвикаат непријатен мирис во домот.

Што да правите?

Најдоброто и најлесното решение е да ги варосате ѕидовите. Но и во овој случај, добро би било и да ги исчистите пред да нанесете нов слој боја. Измешајте вода и оцет, испрскајте и бришете со крпа, секако пред бојадисувањето.

prichini-za-neprijaten-miris-vo-domot-i-kako-da-se-oslobodite-od-nego-06.JPG

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Збир од трикови за кои ќе си помислите: „како не сум се сетил/а на ова?“ Само една фотка има моќ да ви го олесни животот и тоа ќе ви се потврди во продол...
Кујнски ножеви и уште 7 работи за кои вреди да потрошите повеќе пари Ако го користите лаптопот само за забава, можете да поминете и со поевтин модел....
Наместо „генералка“ пред празниците – што да правите секој месец од годината за беспрекорно среден д... Во јануари средете ги новогодишните украси, во февруари исчистете ја кујната, а ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg