Детална листа на сите работи кои ви требаат за 14-дневен карантин


Детална листа на сите работи кои ви требаат за 14-дневен карантин

Пред да се препуштите на општата паника и да ги дадете сите пари за да ги испразните рафтовите непотребно, имајте го на ум овој список.

detalna-lista-na-site-raboti-koi-vi-trebaat-za-14-dneven-karantin-2.jpg

Во случај да треба да останете дома цели 14 дена, ова се работите кои ќе ви бидат неопходни за храна и лична хигиена, за просечно 3-4 члено семејство.

Не купувајте работи кои само ќе ви го испразнат џебот, а нема да ви бидат од корист.

Основни намнирници:

  • 5kg брашно
  • 1-2kg шеќер
  • 500g сол
  • 500g кафе
  • 20-30 јајца
  • 2kg месо
  • 1kg ориз
  • 3-6l долготрајно млеко
  • 1kg грав
  • 2kg кромид
  • 3l масло
  • 3kg компир
  • 3 пакетчиња тестенини
  • 2kg овошје кое подолго може да стои свежо
  • Лебови кои може да стојат на подолг рок

Работи кои треба да ги купувате во разумни количини:

  • 3-4 конзерви туна
  • 3 парчиња паштета
  • 1 kg смрзнато овошје
  • 2 пакетчиња сирење
  • 1 тегла мед
  • 1kg палента
  • 2kg смрзната риба
  • 1 кутија маргарин или путер

detalna-lista-na-site-raboti-koi-vi-trebaat-za-14-dneven-karantin-001.jpg

Потребни работи за домаќинство:

  • Тоалетна хартија, 1-2 пакетчиња
  • Средство за дезинфекција, 2l
  • Паста за заби, 1 туба
  • Прашак за перење, 3-5kg
  • Течен сапун, 1l
  • Гел за туширање, 1l
  • Шампон, 1l
  • Влажни марамчиња, 1-2 пакетчиња
  • Течност за миење садови, 1l

Работи кои треба да ги имате во домашната аптека:

  • Медицински алкохол и хидроген
  • Исправен топломер
  • Лек за спуштање температура
  • Спреј за нос
  • Сируп против кашлица
  • Фластер, газа, завој

Ако имате бебе, задолжително набавете:

  • Пелени
  • Кашички, храна и адаптирано млеко
  • Дополнителни 3-4 пакетчиња влажни марамчиња
  • Флаширана вода, 1 пакет
  • Пробиотик и лек за намалување на температурата, согласно возраста на детето

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Работи кои може да ги перете во машина, без да се уништат Машината за перење облека може да ни помогне за перење на многу други работи, иа...
10 работи кои никогаш не треба да ги чувате во бањата Иако некои производи се наменети за да се користат во бањата, дефинитивно не тре...
9 работи од домот од кои треба да се ослободите пред крајот на 2020-та Скршени шолји за чај, стари перници, изветвени пешкири се само дел од работите к...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg