4 секојдневни грешки кои ви го „уништуваат“ домот и хигиената во него

Метење на подот наместо темелно чистење и собирање на нечистотијата и уште неколку навики кои ги правите секојдневно, полека но сигурно на некој начин го уништуваат домот.

4-sekojdnevni-greshki-koi-vi-go-unishtuvaat-domot-i-higienata-vo-nego-01.jpg

Има неколку грешки кои многумина ги прават несвесно и не знаат дека со тоа всушност прават полошо или барем не прават ништо подобро од претходно.

Проверете дали правите некоја од овие грешки:

Често го чистите домот само со метла

Иако е најбрзо решение да поминете низ подот со метла, сепак ова не е ефективно чистење и не ја елиминира нечистотијата која е задржана на некои места. Неопходно е да чистите со правосмукалка што почесто за темелно да ја отстраните прашината и нечистотијата.

4-sekojdnevni-greshki-koi-vi-go-unishtuvaat-domot-i-higienata-vo-nego-02.jpg

Ја миете даската за сечкање со секаков детергент за садови

Иако детергентот за миење садови ги отстранува остатоците од храна на даската, сепак во микроскопските дупки од гребаниците има остатоци од храна, кои кога апсорбираат сапуница во себе, може подоцна да се пренесат на друга храна. Најдобро е да ја миете даската со вода и да ја дезинфицирате со хидоген.

4-sekojdnevni-greshki-koi-vi-go-unishtuvaat-domot-i-higienata-vo-nego-03.jpg

Ја цедите водата од паста и ги истурате остатоците од кафе во мијалник

Минијатурните зрнца од кафе или талогот може да предизвика затнување на одводот. Истото важи  и за масната вода која ја цедите од пастата – оваа течност е полеплива и се таложи на ѕидовите на цевките.

4-sekojdnevni-greshki-koi-vi-go-unishtuvaat-domot-i-higienata-vo-nego-04.jpg

Го местите креветот веднаш штом станете

Иако веројатно вака сте научени и сте сигурни дека е правилно да го постелите креветот веднаш по станување, грешите – посебно во лето.

Во постелнината живеат микроскопски организми кои се хранат со мртви клетки на човечката кожа, а топлината и влага се идеална средина за нивниот развој.

За да не создадете таква средина, отворете прозор и оставете постелнината да се проветри и дури потоа наместете го креветот.

4-sekojdnevni-greshki-koi-vi-go-unishtuvaat-domot-i-higienata-vo-nego-06.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 ситници поради кои домот ви изгледа несредено, дури и веднаш по чистење Не се ни сеќавате кога последен пат сте ги варосале ѕидовите, а на закачалките в...
Предмети во домот што може (и треба) да ги замените со поеколошки варијанти Наместо пластични, купете неколку метални сламки кои ќе можете да ги користите с...
Што да правите кога не можете да ја отворите теглата - 9 трикови кои не сте ги знаеле Колку пати досега сте се мачеле за да ја отворите теглата со ајвар, слатко или н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg