8 важни работи на кои треба да внимавате при купување стан за подоцна да не се каете

Купувањето на нов стан не е воопшто лесна работа, а посебно кога го правите првпат, мора да знаете на што да обрнете внимание за да не направите грешка.

8-vazhni-raboti-na-koi-treba-da-vnimavate-pri-kupuvanje-stan-za-podocna-da-ne-se-kaete-01.jpg

Секако, кога ќе се одлучите на таков чекор, не мора да мислите на сите најлоши работи, но добро е да си проверите сѐ за подоцна да не дојде до некаков проблем.

Од квалитет на градба до проверка на документи, добро е да се консултирате со стручно лице, но имајте ги овие неколку работи на ум при разгледувањето и договарањето.

1. Проверете ги документите

За секое купување недвижнини, неопходно е да го проверите имотот по имотен лист, каде е запишана сопственоста, а важно е во катастар да се провери и истиот да не е заложен.

Доколку се купува стан во градба, неопходно е да се консултирате со адвокат и да направите договори во кои ќе биде јасно назначен преносот на сопственост по пуштањето на зградата во употреба.

Купувањето стан не е толку едноставно, па додека да дојдете до клуч на рака постојат неколку чекори кои не смее да ги одбегнете, а овој е еден од најважните за да имате сигурен кров над глава.

8-vazhni-raboti-na-koi-treba-da-vnimavate-pri-kupuvanje-stan-za-podocna-da-ne-se-kaete-002.jpg

2. Доживејте го просторот пред да правите големи промени

Додека се становите во градба може да се прават многу промени, но за некои големи промени некогаш е подобро да живеете во истиот одреден период и да видите дали навистина ви е неопходна таа промена или можете да се навикнете на сегашната ситуација.

8-vazhni-raboti-na-koi-treba-da-vnimavate-pri-kupuvanje-stan-za-podocna-da-ne-se-kaete-02.jpg

3. Размислете за идниот тек на настаните

Можеби станот како стан е во ред, но земете ги предвид работите како тоа во какво опкружување се наоѓа, доколку е на прометна улица дали тоа ќе ве пречи, дали доколку пред зградата има празен простор, постои можност да се крене друга зграда која ќе ви го затвори просторот, дали во околината има градинка и училиште ако планирате деца во блиска иднина, а имајте ја на ум и потенцијалната вредност за препродажба, доколку во наредниот период мислите дека има можност да се преселите.

4. Проверка на инсталации

Ова е исто така многу важно прашање доколку не сакате проблеми со струја и вода во иднина. Консултирајте се со стручно лице ако постои можност да го разгледа станот и да ви каже нешто подетално околу овие работи.

5. Разгледајте ги најзапуштените места, поткровјето и прозорите

Запознајте се со секој скриен ќош во просторот, забележете ги сите детали, дали некаде можеби протекува, дали некаде е премачкувано, дали има влага, каков материјал е искористен за прозорите – обрнете внимание на сите ситници.

6. Вселување пред уредување – да или не?

Доколку можеби планирате да го продадете сегашниот дом за да купите нов, размислете за периодот измеѓу иселување и вселување. Доколку го продадете предвреме, направете договор да го препуштите во моментот кога новиот стан ќе биде готов. Доколку купувате со партнер, разговарајте дали сте подготвени да живеете во нецелосно уреден стан одреден период.

8-vazhni-raboti-na-koi-treba-da-vnimavate-pri-kupuvanje-stan-za-podocna-da-ne-se-kaete-03.jpg

7. Големина на станот

Важно е да направите добра проценка на просторот, доколку е помал, да направите однапред распоред на работите за подоцна кога ќе се вселите да не се каете дека немате доволно простор за ништо. Распоредот е многу важен, па водете се повеќе по него, не само по квадратурата.

8. Финансиски буџет за уредување

Доколку ги имате парите или сте се снашле за начинот на плаќање на станот, важно е однапред да си направите пресметка за уредувањето како не би останале да живеете во празен стан. Доколку купувате стар стан, однапред пресметајте ги трошоците за реновирање.

 М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 практични работи за во кујна до 300 денари што ги порачав од AliExpress Дури и да не сакате да готвите, сите поминуваме време во кујната, но некои алатк...
6 совети со кои облеката ќе ви остане снежно бела како на првото носење Дали белата облека ви потемнува брзо откако ќе ја купите и веќе ја нема истата с...
Застарени парчиња мебел од кои (конечно) мора да се ослободите Пред да ја фрлите омилената фотелја, сетете се дека после години и години седење...
Работи што ги правите погрешно кога го чистите домот (и можат да бидат опасни) Ги чистите тавите со жичка и користите чистач на пареа за тепихот – со овие греш...
5 работи за домот кои се бескорисни и за кои само фрламе пари Сапуни во вид на фигури, кујнски апарати кои „можеби ќе се најдат“ - колкупати с...
Валкани штекери и уште 9 ситници поради кои домот ви изгледа неуредно во очите на гостите Дамки од бигор на чешмата, расфрлани шминки и овенато цвеќе – постојат ситници н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg