Како црните и темни фармерки да не избледат од перење?

Црните или темните фармерки се дел од основата на секој есенски и зимски изглед, па речиси секогаш сакаме да ги имаме на располагање.

kako-crnite-i-temni-farmerki-da-ne-izbledat-od-perenje-001.jpg

Но, како подолго да си ја задржат бојата, без да избледат на прво перење?

Треба да знаете неколку клучни трикови за таа цел:

- Пред перење секогаш превртете ги на опачината, закопчајте го патентот и сите копчиња.

- Перете ги посебно. Посебно после купувањето, првото перење нека биде одвоено од останатата облека, поради вишокот боја која се ослободува. Ова перење може да биде и на рака.

- Перете ги само кога е неопходно, а не после секое носење.

- Употребувајте детергент за темна облека, а не обичен, кој може да остави бели флеки.

- Исто така, секогаш користете течен детергент. Нерастопениот прашок може да ја оштети бојата за секунда.

- Додадете малку оцет при перењето, во машината.

- Истото може да го направите и со сварено, црно кафе или црн чај. Внимавајте да нема талог.

- Ако фармерките ги сушите надвор, избегнувајте допир со сонце. Секогаш, ама баш секогаш сушете ги од внатрешната страна.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 грешки низ домот кои може да ве чинат многу пари Дали ги тегнете каблите кога ги вадите од штекер? А кога последен пат сте го исч...
9 домаќински трикови од нашите баби што ќе ви се најдат и денес Наместо да правите една генералка и да чистите сè одеднаш, направете неколку пом...
7 работи во домот кои никако не треба да ги чистите со оцет Покрај лакираното дрво, немојте да комбинирате оцет и средство за избелување во ...
Грешки во чистењето на кујната поради кои храната има чуден вкус Не ја чистите рерната веднаш откако ќе се истури нешто во неа и ставате многу де...
5 работи што секогаш мора да ги перете со жешка вода Белите крпи, заедно со постелнината, се работи што секогаш треба да се перат со ...
Пет работи кои не треба да ги чувате во шкафчето под кујнскиот мијалник Ако имате деца, никако немојте да чувате силни хемикалии во шкафчето под мијални...

Најчитани неделава