Сода, оцет, лимон - трикови за лесно чистење на загорени садови

Есента е сезона кога сакаме да уживаме во кујната, да подготвуваме вкусни рецепти и да уживаме во истите. Но, ако не сте баш спретна домаќинка честопати ќе се случи да ви загори тенџере, тава или некој друг сад, па миењето да е невозможно дури и во машина за садови.

soda-ocet-sol-trikovi-za-lesno-cistenje-na-zagoreni-sadovi-01.jpg

Како најлесно да ги чистите садовите?

1. Иноксот не смее да го гребете. Избегнувајте ги сите абразивни средства за миење. Ако нешто ви загори, ставете сода бикарбона во садот, жешка вода и оставете така да отстои. Така ќе избегнете гребење на садот.

2. Ако тенџерето ви потемни или загори, ставете топла вода, еден цеден лимон или неколку лажички сол, оцет и лушпи од јајце. Ако ви загори џем или шеќер, потопете го тенџерето во млака вода, ставете активен јаглен и со мека крпа отстранете ги остатоците.

3. За тефлонски садови, потопете ги во раствор на оцет и вода, 1:2, оставете да отстојат половина час и со мека крпа отстранете ги остатоците. На потемнетите места протријте со половина лимон.

soda-ocet-sol-trikovi-za-lesno-cistenje-na-zagoreni-sadovi-03.jpg

4. Најтврдокорните дамки од водоотпорните стаклени садови се чистат со течен сјај, сода бикарбона, алуминиумска фолија и четка за заби. Потопете ја четката во сјај и сода, нанесете на дамките и оставете да отстои 20-тина минути. Тријте со алуминумска фолија.

5. За да убаво ги исчистите тавите за печење, загрејте ја рерната на 180 степени. Две лажички сода бикарбона промешајте во 1 литар топла вода, истурете во плехот и оставете ги во рерната 20 минути.

Кога водата ќе се олади, дамките лесно се чистат со сунѓерче.

Прочитајте и: 10 причини зошто алуминиумската фолија ви е најдобриот пријател во кујната

Е. П. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вирални трикови за чистење што навистина функционираат (со продукти што ги имате дома) За да го отстраните бигорот од главата на тушот, ќе ви треба само оцет, а за да ...
Чести грешки со кои ги уништувате кујнските ножеви (и си го отежнувате готвењето) Отворате кутии пратки со ножевите за храна, ги чувате на купче во фиока и забора...
8 грешки низ домот кои може да ве чинат многу пари Дали ги тегнете каблите кога ги вадите од штекер? А кога последен пат сте го исч...
7 работи во домот кои никако не треба да ги чистите со оцет Покрај лакираното дрво, немојте да комбинирате оцет и средство за избелување во ...
Грешки во чистењето на кујната поради кои храната има чуден вкус Не ја чистите рерната веднаш откако ќе се истури нешто во неа и ставате многу де...
Шест трикови за брзо и ефикасно чистење од хотелски хигиеничари Пред да почнете со метење и бришење прашина, прво средете го нередот, како валка...

Најчитани неделава