Тостер, милион зачини: 9 трикови како да го средите хаосот на работната површина во кујната
Tргнете ја чинијата која ви е складиште за сѐ - од клучеви до сметки и други хартивчиња, дава неуреден изглед.

Kвалитетна работна површина, најмодерни елементи, но сепак во вашата кујна како да владее константен хаос.
Кој е трикот за чиста кујна? 90% од просторот на работната површина да биде празен. Ви звучи драстично?
Лесно е, само мора малку повеќе да ги користите шкафчињата.
Трикови како да го средите хаосот на работната површина во кујната:
1. Купете мал и лесно пренослив апарат за правење на кафе, наместо огромниот кој ви доминира во кујната.

2. Tргнете ја чинијата која ви е складиште за сѐ, од клучеви до сметки и други хартивчиња - дава неуреден изглед.
3. Ако алатките за готвење мора да ви се при рака, тогаш купете убав сет и ослободете се од маталката купена во студентските денови.

4. Сокријте ја хартиената ролна што ви стои во близина на мијалникот, а уште подобро заменете ја со платнени крпи, за да не правите отпад непотребно.

5. Складирајте ги во убави украсни садови кафето и шеќерот, а брашното, и другите работи за готвење исто нека бидат во убави садови, но ставете ги во шкафче.

6. Зачините нема потреба да ви стојат на работната површина, оние кои ги користите поретко, како кари на пример, нема потреба да прават неред.
7. Ставете држач за сунѓерчиња во мијалникот – изгледаат неугледно кога се на работната површина и најдобро е да се тргнат од видикот.

8. Најверојатно го обожавате својот тостер, но најдобро е да не е на видно место, а да го вадите по потреба.
9. Тргнете ги вашите книги со рецепти, кујната не е библиотека, па сместете ги на некоја специјално дизајнирана полица за тоа или во шкафче.

С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Грешки во чистењето на кујната поради кои храната има чуден вкус
Не ја чистите рерната веднаш откако ќе се истури нешто во неа и ставате многу де...
9 домаќински трикови од нашите баби што ќе ви се најдат и денес
Наместо да правите една генералка и да чистите сè одеднаш, направете неколку пом...
Трикови и совети што ќе ви решат многу проблеми во кујна
Покријте ја кујнската вага со најлонска фолија за да не ја извалкате кога ја кор...
Шест трикови за брзо и ефикасно чистење од хотелски хигиеничари
Пред да почнете со метење и бришење прашина, прво средете го нередот, како валка...
Пет чести грешки со кои го уништувате одводот во кујната
Истурате масло во мијалникот и пробувате да ги одзатнете цевките со сода бикарбо...
Корисни трикови што ќе ви решат многу проблеми низ домот (и ќе ви заштедат време и пари)
Со алатката за сечење јајца можете да исечете и печурки, а разните клучеви может...