Работи кои не се чистат со влажни марамчиња

Марамчињата за дезинфекција ни станаа секојдневие, па секогаш е добро да ги имате при рака, но не и кога станува збор за брзо чистење на неколку работи.

raboti-koi-ne-se-chistat-so-vlazni-maramcinja-001.jpg

Постојат неколку случаи во кои е непожелно да ги користите, како на пример:

Чистење на кожени чанти, чизми, додатоци...

Иако се чинат како брз и лесен начин за чистење на кожената површина, сепак содржат алкохол и амонијак кои можат да ја исушат кожата. Секогаш бирајте соодветни средства или мешавина од топла вода и сапун.

Пребришување на очила

Одолејте ѝ на желбата да ги „светнете“ очилата со марамчиња за дезинфекција, бидејќи може да ги разјадат чувствителните стакла.

Светнување на накитот

Чистењето на накитот никогаш не завршува добро, ако за тоа користите антибактериско влажно марамче. За да не го оштетите материјалот или металот, користете млака вода и благ сапун.

Чистење на флеките од облеката

Иако марамчињата ги сметаме за прва помош кога ќе се накапеме, не само што марамчето ќе ја направи флеката повидлива, туку алкохолот во нив може и да ја оштети бојата или ткаенината (зависно од материјалот).

Брзо пребришување на намирниците

Се надеваме дека ова не би требало да го кажуваме, но сепак потсетуваме дека чистењето на овошјето, зеленчукот или некоја друга храна, не треба да го изведувате со марамче. Состојките во антибактериските влажни марамчиња не се наменети за безбедно консумирање потоа.

За сјајни садови

Ако јадете од садот или планирате да ставите храна во него – никако не го пребришувајте со марамче. Подобро е да го проплакнете само со вода, отколку да ги внесете хемикалиите од марамчињата.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Предмети во домот кои никогаш не треба да ги чистите со вода Ако не сте сигурни дали накитот е од чисто сребро или злато, не ризикувајте и не...
Шест трикови за брзо и ефикасно чистење од хотелски хигиеничари Пред да почнете со метење и бришење прашина, прво средете го нередот, како валка...
8 грешки низ домот кои може да ве чинат многу пари Дали ги тегнете каблите кога ги вадите од штекер? А кога последен пат сте го исч...
Вирални трикови за чистење што навистина функционираат (со продукти што ги имате дома) За да го отстраните бигорот од главата на тушот, ќе ви треба само оцет, а за да ...
8 работи кои треба да ги фрлите веднаш од дома, без жалење Дали наместо да го фрлите искористениот пластичен прибор, си го чувате „за да ви...
Чести грешки со кои ги уништувате кујнските ножеви (и си го отежнувате готвењето) Отворате кутии пратки со ножевите за храна, ги чувате на купче во фиока и забора...

Најчитани неделава