Како да ја исчистите внатрешноста на сандалите со само една состојка?

Црните и извалкани ѓонови на сандалите изгледаат мошне неуредно. Овој трик ќе ви помогне сандалите да бидат како нови, а потребна ви е само една состојка, што сигурно веќе ја имате дома.

Kako-da-ja-ischistite-vnatreshnosta-na-sandalite-so-samo-edna-sostojka-shto-vekje-ja-imate-vo-domot-01.jpg

Kога станува збор за изборот на чевли за време на летните горештини, најчесто сите се одлучуваме за сандали: отворени се, ѝ дозволуваат на вашата нога да дише и помагаат да се чувствувате поудобно.

Прашината и потта се совршена комбинација за внатрешноста на сандалите да ја промени бојата, што вообичаено е уште позабележително доколку носите сандали во светла боја.

Сите имаме различни начини како се справуваме со нечистата внатрешност на сандалите, но според тиктокерката Џоти што на својот ТикТок профил објавува видеа со трикови за полесно чистење, тајната за чистите сандали се крие само во една состојка што веќе ја имате дома.

Kako-da-ja-ischistite-vnatreshnosta-na-sandalite-so-samo-edna-sostojka-shto-vekje-ja-imate-vo-domot-02.jpg

Според неа, за да ги исчистите сандалите ќе ви биде потребен само бел алкохолен оцет, подлабок сад и чиста крпа.

  • Сандалите прво се прскаат со алкохолен оцет со помош на прскалка;
  • Се става оцет во подлабок сад и во него се натопува една крпа;
  • Со крпата се пребришуваат убаво сандалите.

Погледнете го видеото:

@jottiesjournal Getting your sandals summer ready! ☀️ ? #cleantok #cleaningtips #cleanewithjottie #cleantok ♬ Fly Away - Tones And I

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 работи кои треба да ги фрлите веднаш од дома, без жалење Дали наместо да го фрлите искористениот пластичен прибор, си го чувате „за да ви...
Грешки во пролетното чистење на домот кои се само губење време Ако ја исчистите надворешноста на прозорците во рана пролет, трудот ќе ви биде з...
7 работи во домот кои никако не треба да ги чистите со оцет Покрај лакираното дрво, немојте да комбинирате оцет и средство за избелување во ...
9 домаќински трикови од нашите баби што ќе ви се најдат и денес Наместо да правите една генералка и да чистите сè одеднаш, направете неколку пом...
Предмети во домот кои никогаш не треба да ги чистите со вода Ако не сте сигурни дали накитот е од чисто сребро или злато, не ризикувајте и не...
Грешки во чистењето на кујната поради кои храната има чуден вкус Не ја чистите рерната веднаш откако ќе се истури нешто во неа и ставате многу де...

Најчитани неделава