9 совети како облеката да ви мириса убаво и кога не е тазе испрана
Мирисот на облеката може да биде причина за да делувате средено и чисто или пак да оставите лош впечаток, ако на пример мириса на чад од цигари или на влага.

Иако за 90% од облеката не важи правилото перење по секое носење, сепак постојат алтернативи со кои може да ги убиете лошите мириси и да спречите да мирисате непријатно.
1. Сушете ја облеката надвор, како не би попримила мириси од дома.

2. Ставете листови весник во фиоките и гардероберите – тие ги впиваат непријатните мириси.

3. Може и да користите освежувач во облик на гранули, односно песок за мачки. Секако, може и други мириси како лаванда во вреќички.

4. Издувајте ја облеката со фен – има моќ да ги отстрани лошите мириси, прашинки и бактерии.

5. Пропрскајте ја облеката со раствор од вода и малку омекнувач.

6. Посипете сода бикарбона на критичките места, на пример под пазувите. Оставете да отстои, па истресете.

7. Оставете облеката да отстои на влажна средина, односно во тоалетот веднаш по туширањето.

8. Ставете ја облеката во пластични кеси и во фрижидер. Ниските температури ги уништуваат бактериите.

9. Марамчињата не се користат само при перењето. Ставете неколку во фиоките, како би ги собирале мирисите.

М. Д. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
9 домаќински трикови од нашите баби што ќе ви се најдат и денес
Наместо да правите една генералка и да чистите сè одеднаш, направете неколку пом...
7 работи во домот кои никако не треба да ги чистите со оцет
Покрај лакираното дрво, немојте да комбинирате оцет и средство за избелување во ...
Шест (евтини) трикови со кои ќе го отстраните мирисот на влага од испраната облека
Остатоците од детергенти и бигор во машината за перење можат да предизвикаат неп...
Нова лесна техника за фарбање велигденски јајца (ако немате друга опција)
Ако сакате да пробате нова техника или едноставно не сте се снабдиле со бои, има...
Скриени места во домот што сигурно заборавате да ги исчистите
Кога последен пат сте ја исчистиле гумата на вратата од фрижидерот? А, шините на...
7 трикови како (конечно) да го средите хаосот во кујната
Шишенцата зачини наредете ги во тава за лесно да можете да ги вадите и враќате в...