Работи во домот кои НЕ треба да ги чистите со сода бикарбона + што да употребите како замена?

Сода бикарбоната може да ги изгребе мермерните површини, но и да направи дамки на дрвениот под и мебелот од дрво.

raboti-vo-domot-shto-ne-treba-da-gi-chistite-so-soda-bikarbona-shto-da-upotrebite-kako-zamena-01.jpg

Ако сакате да користите поприродни средства за чистење, веројатно сода бикарбоната ви е омилена состојка, но не е препорачливо да ја користите за буквално сè.

Поради благите абразивни својства, сода бикарбоната е одлична за тврдокорни дамки, но истите својства можат да направат гребаници и да оштетат одредени предмети и материјали.

Кога да ја избегнувате сода бикарбоната и што да употребите наместо неа?

Мермерни површини

Генерално, мермерните површини се лесни за чистење, но треба да бидете внимателни да не ги изгребете.

Иако абразивните својства на сода бикарбоната не се многу силни, ако често ги чистите мермерните површини со неа, со текот на времето можат да се појават мали гребаници.

Покрај сода бикарбоната, добро би било да избегнувате и продукти како оцет и избелувач кои можат да го имаат истиот ефект.

Наместо тоа, за мермерните површини доволно е да искористите најобично средство за миење садови и топла вода.

raboti-vo-domot-shto-ne-treba-da-gi-chistite-so-soda-bikarbona-shto-da-upotrebite-kako-zamena-02.jpg

Предмети со вдлабнатини

Немојте да ја чистите тастатурата, маусот или кои било предмети со вдлабнатини со раствор од сода бикарбона. Оваа состојка нема да ги оштети, но со текот на времето може да се наталожи во пукнатините.

За предметите како тастатура кои е тешко да се исчистат убаво, можете да направите раствор од ¼ шолја оцет и ¼ шолја вода, па исчистете ги тешко достапните места со чепкалка за уши.

Во растворот можете да додадете и една капка етерично масло за попријатен мирис. 

raboti-vo-domot-shto-ne-treba-da-gi-chistite-so-soda-bikarbona-shto-da-upotrebite-kako-zamena-03.jpg

Стакло

Сода бикарбоната може да направи гребаници на чашите, прозорците, па дури и огледалата, па најдобро избегнувајте ја.

За прозорците наједноставно е да користите средство за стакло, но ако сакате поприродна алтернатива можете да направите комбинација од една шолја алкохол и една шолја вода, како и една лажица оцет.

За да го отстраните бигорот од стаклените чаши, повторно употребете раствор од оцет и вода.

raboti-vo-domot-shto-ne-treba-da-gi-chistite-so-soda-bikarbona-shto-da-upotrebite-kako-zamena-04.jpg

Шпорет со керамичка плотна

Покрај тоа што може да направи гребаници на керамичките плотни, сода бикарбоната може и да се наталожи на нив, а потоа ќе биде тешко да ја отстраните.

Покрај средствата за керамички плотни, можете да направите и мешавина од оцет и вода. Ако плотната не е многу валкана, доволно е ја исчистите со средство за миење садови и мека крпа.

raboti-vo-domot-shto-ne-treba-da-gi-chistite-so-soda-bikarbona-shto-da-upotrebite-kako-zamena-05.jpg

Алуминиумски тави

Сода бикарбоната е одлична за тврдокорните дамки на тавите, но избегнувајте ја ако станува збор за сад направен од алуминиум бидејќи може да предизвика оксидација и да им ја промени бојата.

Ако сепак морате да користите сода бикарбона, истријте ги само дамките и потоа добро исплакнете го садот.

raboti-vo-domot-shto-ne-treba-da-gi-chistite-so-soda-bikarbona-shto-da-upotrebite-kako-zamena-06.jpg

Сребрен прибор за јадење и сребрен накит

Иако одлично ги отстранува нечистотиите од среброто, не е препорачливо да користите сода бикарбона за прибор, накит или што било направено од овој метал.

За темелно да го исчистите сребрениот прибор, направете раствор од шолја вода и ¼ шолја сол. Оставете го приборот да отстои во растворот околу 15 минути, па исплакнете го со вода.

За да го исчистите сребрениот накит, ставете го во сад со топла вода и неколку капки средство за садови.

За поефикасно чистење можете и да го истриете со мека четка за заби. Потоа само исплакнете го и исушете го со мека крпа.

Прочитајте и Дамки од мастило, пожолтени нокти – за што можете да ја користите пастата за заби?

raboti-vo-domot-shto-ne-treba-da-gi-chistite-so-soda-bikarbona-shto-da-upotrebite-kako-zamena-07.jpg

Дрвен мебел и дрвени подови

Сода бикарбоната може да направи дамки на дрвените површини, да ги изгребе, па дури и да ги избледи.

За темелно чистење на дрвените подови, покрај купечките средства, можете повторно да употребите оцет – измешајте една шолја со четири литри вода.

За дрвениот мебел освен политура, можете да употребите и црн чај – ставете две вреќички во две шолји врела вода и откако ќе се излади избришете го мебелот со него и оставете да се исуши.

raboti-vo-domot-shto-ne-treba-da-gi-chistite-so-soda-bikarbona-shto-da-upotrebite-kako-zamena-08.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 минималистички трикови за среден дом (ќе ви заштедат и пари) Ако не сте во можност да купите поголем плакар во кој ќе ви ги собере сите чевли...
Валкани штекери и уште 9 ситници поради кои домот ви изгледа неуредно во очите на гостите Дамки од бигор на чешмата, расфрлани шминки и овенато цвеќе – постојат ситници н...
9 работи во домот што можете да ги оштетите ако ги чистите (или перете) многу често Можете да ја користите истата крпа и 3-4 дена ако ја закачувате на место на кое ...
Рерна, загорено тенџере: Што сè можете да исчистите со таблети за машина за садови? Дали стаклото на вратата од рерната ви е премногу валкано за да видите кога е го...
Трикови за чистење со продукти што сигурно ги имате дома Можете да искористите мешавина од бел оцет и сода бикарбона за бигорот во тоалет...
Предмети во домот кои е препорачливо да ги заменувате со нови еднаш годишно Завесата во бањата е совршено место за развој на мувла и бактерии, дури и ако ре...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg