Намирници од кујната кои ги чистат загорените тенџериња и тави подобро од сјајот за садови

Доколку сте од оние луѓе на кои садовите за готвење честопати им загоруваат на дното, ви нудиме неколку совети како лесно да ги измиете загорените тенџериња и тавчиња.

Namirnici-koi-gi-chistat-zagorenite-sadovi-podobro-od-sjaj-01.jpg

На никого не му е пријатно кога ручекот ќе му загори, а особено кога ќе се уништи дното на садовите за готвење. За жал, ова се случува доста често при готвењето, бидејќи понекогаш не сме доволни внимателни или огнот е пресилен.

Но, не грижете се. Постојат неколку трикови кои многу лесно и брзо ќе ги исчистат загорените садови и ќе им го вратат сјајот, без да ги триете со сунѓерчето со часови:

Чистење на изгорени садови со сол

Ова е стар и докажан метод за чистење на загорени садови. Доколку сакате да исчистите некое тенџере, треба да ставите доволно вода во него за да ги покрие загорените места.

Потоа додадете многу сол. Оваа смеса се остава на оган да зоврие и се вари 5 до 10 минути. Со овој метод, изгорената „дамка“ ќе падне многу лесно и брзо.

Чистење на садот со газиран пијалак

Доколку храната ви загори при готвењето, треба да знаете дека е многу важно садот да го потопите веднаш со вода, а не откако изгорената храна ќе се исуши.

Наместо да го натопите тенџерето во топла вода, како што обично правиме сите, можете да додадете малку газиран пијалак.

Додека тавата или тенџерето што се изгорени се сè уште топли, веднаш откако ќе ги тргнете од ринглата, додадете газиран пијалак и оставете да делува.

Чистење на изгорени садови со сода бикарбона

Сода бикарбоната помага многу при чистење на изгорени садови. На сунѓерчето за миење садови ставете сода бикарбона, додадете малку сок од лимон или оцет, добро премачкајте ги изгорените дамки и оставете да отстои неколку минути. Потоа исплакнете.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Грешки во чистењето на кујната поради кои храната има чуден вкус Не ја чистите рерната веднаш откако ќе се истури нешто во неа и ставате многу де...
Предмети во домот кои никогаш не треба да ги чистите со вода Ако не сте сигурни дали накитот е од чисто сребро или злато, не ризикувајте и не...
8 грешки низ домот кои може да ве чинат многу пари Дали ги тегнете каблите кога ги вадите од штекер? А кога последен пат сте го исч...
Чести грешки со кои ги уништувате кујнските ножеви (и си го отежнувате готвењето) Отворате кутии пратки со ножевите за храна, ги чувате на купче во фиока и забора...
Шест трикови за брзо и ефикасно чистење од хотелски хигиеничари Пред да почнете со метење и бришење прашина, прво средете го нередот, како валка...
Вирални трикови за чистење што навистина функционираат (со продукти што ги имате дома) За да го отстраните бигорот од главата на тушот, ќе ви треба само оцет, а за да ...

Најчитани неделава