8 трикови за чистење кои ги користат во Кина, а треба да почнете да ги практикувате и вие
Пред да ја дочекаат традиционалната Кинеска Нова година, локалците не само што украсуваат, туку имаат и одредени традиции врзани за чистењето.

Старата година ја испраќаат со чист дом, со надеж дека ја исчистиле лошата енергијата.
Притоа, користат неколку трикови кои вреди да ги испробате:
Ги користат старите хулахопки за пребришување на прашината.

Ги пребришуваат дрвените површини со малку разредено млеко со вода, за да им го вратат сјајот.

Во микробрановата ставаат парчиња кора од портокал, наместо ароматизер.

Тенџерињата и тавите ги чистат со половина компир, натопен во малку бел шеќер.

Масните дамки ги прекриваат со пластична фолија, ги загреваат со фен, па потоа само ја пребришуваат површината со сунѓерче, наместо да чистат со силни хемикалии.

Бигорот во тоалетот го чистат со паста за заби, нанесена на стара четка.

За полирање на дрвените површини понекогаш користат и чај.

Го спречуваат таложењето на прашина на површините со тоа што додаваат малку омекнувач во водата со која чистат.

М. Д. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
9 домаќински трикови од нашите баби што ќе ви се најдат и денес
Наместо да правите една генералка и да чистите сè одеднаш, направете неколку пом...
8 работи кои треба да ги фрлите веднаш од дома, без жалење
Дали наместо да го фрлите искористениот пластичен прибор, си го чувате „за да ви...
Грешки во чистењето на кујната поради кои храната има чуден вкус
Не ја чистите рерната веднаш откако ќе се истури нешто во неа и ставате многу де...
Трикови и совети што ќе ви решат многу проблеми во кујна
Покријте ја кујнската вага со најлонска фолија за да не ја извалкате кога ја кор...
Ја миете во машина и уште седум грешки што ја уништуваат нелепливата тава
Никако немојте да користите метални лажици и слично кога готвите во нелеплива та...
Шест трикови за брзо и ефикасно чистење од хотелски хигиеничари
Пред да почнете со метење и бришење прашина, прво средете го нередот, како валка...