8 корисни изуми кои веднаш ќе ги посакате во домот

Силиконски ракавици за миење садови наместо сунѓер, ротирачка цедалка за миење зеленчук, четка за чистење ножеви – постојат бројни предмети кои навистина ги олеснуваат обврските низ домот.

8-korisni-predmeti-shto-kje-vi-gi-olesnat-obvrskite-niz-domot-01.jpg

За повеќето обврски низ домот сите имаме стекнато некоја навика, па не ни помислуваме да најдеме поедноставен начин да ги завршиме.

Но, денес постојат толку многу генијални изуми кои значително ќе ви ги олеснат домашните обврски и ќе ви заштедат време.

Во продолжение неколку од нив:

Силиконски ракавици за полесно миење садови, овошје и зеленчук

Сунѓерите за садови брзо се „трошат“, а и ако не се исушат, на нив можат да се развијат многу бактерии.

Од друга страна, силиконските ракавици лесно се чистат, траат подолго, а и миењето садови со нив е многу полесно.

8-korisni-predmeti-shto-kje-vi-gi-olesnat-obvrskite-niz-domot-02.jpg

Флексибилен додаток за чешма

Со овие додатоци кои наликуваат на мали тушеви ќе можете да го насочите млазот вода кон каде сакате и со тоа многу полесно ќе го измиете мијалникот.

8-korisni-predmeti-shto-kje-vi-gi-olesnat-obvrskite-niz-domot-03.jpg

Држач за лажици за готвење

Овие држачи се навистина практични – лажицата што ја користите ќе ви биде при рака постојано, а и нема да правите дополнителен неред.

8-korisni-predmeti-shto-kje-vi-gi-olesnat-obvrskite-niz-domot-04.jpg

Ракавици што штитат од исекотини

Ако сте несмасни кога работите со нож и често ви се случува да се пресечете, овие ракавици се совршени за вас.

8-korisni-predmeti-shto-kje-vi-gi-olesnat-obvrskite-niz-domot-05.jpg

Ротирачка цедалка за миење зеленчук

Најлесно ќе го измиете зеленчукот како марула токму со ваква цедалка.

8-korisni-predmeti-shto-kje-vi-gi-olesnat-obvrskite-niz-domot-06.jpg

Држач за чевли со којшто ќе заштедите простор

Со овие држачи дупло ќе го намалите просторот што го зафаќаат вашите чевли и конечно ќе се справите со хаосот во шкафчето.

8-korisni-predmeti-shto-kje-vi-gi-olesnat-obvrskite-niz-domot-07.jpg

Четка за чистење ножеви

Ако не сте внимателни, лесно можете да се пресечете додека миете ножеви, но не и со овие четки.

8-korisni-predmeti-shto-kje-vi-gi-olesnat-obvrskite-niz-domot-08.jpg

Силиконски калапи за замрзнување

Ако треба да замрзнете нешто во помала количина, како сос, овие калапи се одлично решение.

Не само што зафаќаат помалку простор од другите садови за складирање храна, туку поради материјалот од којшто се изработени, многу полесно ќе ја извадите храната.

8-korisni-predmeti-shto-kje-vi-gi-olesnat-obvrskite-niz-domot-09.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Збир од трикови за кои ќе си помислите: „како не сум се сетил/а на ова?“ Само една фотка има моќ да ви го олесни животот и тоа ќе ви се потврди во продол...
Кујнски ножеви и уште 7 работи за кои вреди да потрошите повеќе пари Ако го користите лаптопот само за забава, можете да поминете и со поевтин модел....
Намирници од кујната кои ги чистат загорените тенџериња и тави подобро од сјајот за садови Доколку сте од оние луѓе на кои садовите за готвење честопати им загоруваат на д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg